наш (прид.) - паметење (имн.)

Оние, за кои веруваме дека ги познаваме, заземаат чудни места во нашето паметење; како да се сместени во некоја препознатлива рамка создадена само за нив и обесена на видно место пред нашето око на сеќавањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Животот покрај другото ја има и таа грда задача: да ја потврдува верноста, да ги проверува способностите, да нè ослободува од сомненијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Само вистинските случаи, а кон нив можеле да се придодадат и таквите соништа кои биле вистински одраз на стварноста останувале во гнездата на нашето паметење.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Сакаме да ја видиме. Таа е дел од нашето детство и врежана е во нашето паметење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се плашиме дека ни снемало гумичка за да го избришеме лошото од нашето паметење, а да го паметиме само доброто.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Само ли неизгасливата желба и пораката тоа што се случи на тие патишта во времето-невреме да не се избрише од нашето паметење?... 1 јули 2008 – 22 февруари 2010
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не изостанаа од тој преглед на настаните и сите оние солени шеги кои за жал многу брзо исчезнуваа од нашето паметење но затоа продолжуваа да живуркаат во белешките од кои никогаш не се откажував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)