наш (прид.) - падишах (имн.)

Ако рекол алах, најпосле ќе ги дадеме и главите за нашиот падишах и верата алахова.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дедот Коле ја зазеде јужната позиција, војводите се приближија до гробиштата од север, а Толе влезе со своите осум четници од западниот крај в село, не разделувајќи се со Мише Ќосото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Моите анадолци се секогаш готови да те одбранат и тебе, и мене и честа на нашиот падишах.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Само ти гледај да подразбереме кога се ружаат да нападнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека е во слава на Алаха и на нашиот Падишах, светлоста да му е вечна и милоста долготрајна”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
– А вие – им се обрати на сужните – ќе бидете ослободени од прангите и затворот и ќе си одите во вашето Мариово заедно со овој ваш син и брат Ангелета, како што сте го викале порано, но ќе гледате да не се посрамотите со нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
При овие зборови сите паднаа ничкум пред везирот, во знак на благодарност; направија по неколку метании, викајќи да е жив царот, и благословувајќи ја мајка му што го родила везирот, уверени дека сигурно е од каурски род; излегоа со навирени очи солзи од радост.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој беше лично до нашиот падишах и од него донесе свето решение разбојниците во Мариово да се фатат или поништат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кажуваше брат му на Фета, страшен милет биле Маџарите... – А токму нив сака нашиот падишах да ги покори.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
– Ти благодариме на милоста, кади ефенди. Со сѐ срце ќе му помогнеме на нашиот падишах што сме вредни – одговори пак аџи Јане.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
За оваа работа јас сакам да чинам абер лично на нашиот падишах.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)