Колку и да е мисловно празна, Ласиќевата замисла за Крлежа како мудар советник на Туѓман станува исклучително важна доколку ја согледаме во контекстот на нашиот однос спрема интелектуалното наследство, спрема културната оставнина што ни ја 24 okno.mk предале минатите генерации.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
За нашите односи кон Турците јас можам да речам само едно: ние сме задолжени да направиме сѐ што се бара од нас за да ѝ докажеме на Турција оти нејзиното останување како европска држава среќава во нас полно сочувство.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Нашиот живот се состои не само од реални факти, но исто така и од нашиот однос кон нив, од нашите соништа, од мешаницата на нашите спомени и асоцијации, а од драматургот, не знаеме зошто, бараат еднострани претстави - или - сѐ е 150 Margina #17-18 [1995] | okno.mk реално, или - сѐ е отворена фантастика.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Таквото изучување ќе внесе разумност во нашите односи кон сите споменати народи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Во овие рамки, нашето учење за терапијата, нашата конструкција на терапевтското настојување неопходно го вклучува нашиот однос кон јазикот. Нема бегање од ова. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 27
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Како и да е, ако го читаме насловот да значи дека терапијата може да биде согледана и опишана како разговор, тогаш треба да погледнеме како овој специјален вид на разговор ги исполнува терапевтските цели и како оваа гледна точка ни помага нам и на нашите клиенти да работиме заедно.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
И што е најчудно, чувствувам дека ваквиот наш однос јас не ќе можам нималку да го изменам.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Така, на пример, не може да се заобиколи фактот дека транснормалните облици на свеста, кои спонтано се јавуваат во текот на творечкиот чин, дури и кога се поттикнуваат со помош на вештачки средства, можат да бидат корисни за личности кои во себе носат креативни можности, бидејќи доведуваат до напуштање на конвенционалните психички граници, до распад на категоријалните функции и идеационите бариери кои нормално ја одредуваат перцепцијата на времето, просторот и нашиот однос со физичкиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)