наш (прид.) - огниште (имн.)

За него и за нашето огниште, господи! (ЗАВЕСА) слика втора (Надвор од селото.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Лебот не чека на тебе, ти треба по него да трчаш!... Таква ти е пустата печалба: гној да врзиш од работа!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Милувам, да ти е секоја вечер слатка и срцето да ти пее како пролетна песна!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
- Ќерко моја, снао моја Трајанице, гледај, пламна огнот врз нашето огниште...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
На изненадување на Татко, Камилски започна да ги пее на француски јазик тие стихови на Марселезата: Quoi! ces Cohortes trangres/feraient la loi dans nos foyers!/ quoi! ces phalanges mercenaire/terrasseraient nos fiers guerriers. (Што! зар овие странски кохорти/ќе бидат закон во нашите огништа! / Што!/ зар овие платенички фаланги/ ќе ги победуваат нашите горди воини).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со здравата рака Циљка ја фати стврдната дланка на мајка си, ја принесе до усните, нежно ја бакна неколкупати и со насмевка полна тага, се потсети на нешто многу блиско, сакано и драго: - Мајко - рече тивко, гледајќи ја в очи - порано секогаш дланките ти мирисаа на топла погача и леб, на млеко и сирење, на сено и пченица, на зрело јаболко и печена круша, на вино и на мед, на џунџуле и босилок, на свежа ораница и на пепел од нашето огниште и од фурната.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
За нашето огниште, Симке!
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)