наш (прид.) - облак (имн.)

Се спуштивме подолу, поминавме низ маглата, се наведнавме под долната граница на нашиот облак, погледнавме со двоглед и видовме како кон нашето градилиште, во концентрични кругови, се приближуваат жандармеријата, кралската гарда, полицијата, инспекцијата, баталјоните, војски, цела армија, и сите со заканувачки изглед, ѓавол да ги убие и да ги проголта.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога започнаа првите умирања во егзил, започна да се смалува и нашиот облак на небото.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Облакот што нѐ криеше веќе не постои, дури и за него сакаат да нѐ изведат пред поротниот суд на Сена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)