наш (прид.) - население (имн.)

Јасно му се давало на знаење на нашето население дека е под контрола и дека ако се случи нешто слично на тоа што се случило во Солун, или ако се дигне востание, треба да очекува крвава одмазда.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Водејќи сметка за особената податливост на нашето население пред секакви авторитарни влијанија, особено пред влијанието на таква авторитарна институција каква што е нашата црква; водејќи сметка како црквата ги парализира, во нашиот случај, слободните витални пројави - нејзиното ширење не се допушта.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Понекаде, особено во новите индустриски зони се отвара по некое црквиче; исто и во новите реони на големите градови; но, мошне ограничено.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Сметајќи ги за револуционерен и „опасен“ елемент, властите решиле да го исползуваат поводот што го давале атентатите за да се пресметнат со нашето население во Солун и што поголем дел од него да истерат или да го принудат да го напушти градот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)