наш (прид.) - населба (имн.)

Без да се сврти знаеше дека е Теми: „Таму некаде“, покажуваше вдесно кон сивата маглина од каде што изронуваа контури на најгорните катови, „некаде таму е нашата населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Каде сакаш да одиме? - ме праша додека сè уште кружевме околу горните катови на зградите од нашата населба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бевме едногласни: да си ги земеме велосипедите, божем ќе возиме низ нашата населба, а јас да ги понесам и тениските рекети, можеби некое од игралиштата во паркот ќе биде празно, па ќе нѐ пуштат да поиграме без пари. Така и сторивме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Градскиот комитет за градежништво, комунално станбени работи и екологија по должина на булеварот „Јане Сандански“ - дедо, кај што се возевме кон нашата населба - веќе има засадено 5 000 садници на површина од шест хектари: липи, јавори, дабови, кедрови, украсни цреши и јаболкници, сребрени елки и околу триесет видови различни грмушки.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Ќе се вратиме до седум и пол – реков на тргнување. Тогаш е сѐ уште ден, а Мила мора да е дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Поздрави ја Миру! – викнав пред да го снема зад највисоката зграда во нашата населба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)