наш (прид.) - молчење (имн.)

Нашето молчење, посебно моето, сè уште повеќе го храбреше Х.Х., да ја доврши лекцијата, да си ја исполни нормата за тој ден.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас не те пратив кај неа... (Покажува со глава кон кујната каде што се наоѓа Неда.) ... јас не те пратив кај неа да изигруваш некаков сентиментален глупак, туку да ја направиш зависна од нас и од нашето молчење. И не играј си со главата.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)