наш (прид.) - молитва (имн.)

Мајка уште ми кажуваше дека во ноќта кога сме ја минувале со стариот семеен чун невидливата граница на самото Езеро, таа толку силно и длабоко се молела во себе што Бог сигурно одговорил на нашите молитви и ние спасоносно сме стигнале на другиот брег.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А дедо ме зеде на колено и рече: По наше молитвата е вака: Отче наш иже еси на небесах, да свјатитсја имја твое, да приидјет царствие твое, да будјет воља твоја, јако на небеси и на земли.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Машини, плугој тој ќе ви даде, дајте му братски рака, нивата наша молитва нејќе а труд - работа сака!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Нашата молитва ќе ни ја прочисти душата, вели, и ќе нѐ спаси од сите красти и болести.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)