- Сакам повторно, ако треба само на ден да ги посетиме сите места на нашата младост.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тука, следени со инструменталните арлаукања на оркестарот „Критериум“ и неговите три пејачки, кои како митски магбетовски наречници завиваа околу нас, ги жртвувавме последните денови на нашата младост, положена на олтарот на нашето безумие.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ако Кокта беше пијалок на нашата младост, тогаш Флаворајт беше сок на нашето детство.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Како и таа да се радува со нашата младост.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога ќе стиснеме чекан в рака и кога ќе влеземе во пештерине, слушаш, престанува нашата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А сега слушај, должник сум да ти раскажам: имам четириесет и една година и навистина сум стар, престар, за тебе дојден од исконски дни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Доживев и јас бескрајна радост, срцето мое песна да пее, за овој празник - нашата младост ко силно солнце што во нас грее!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Си прикажуваме ние за нашата младост и во тоа прикажување наоѓаме и двајца наши кои јабана загинаа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ташкент, за многу беше дел од нашата младост што ја оставивме во заводите на далечниот Узбекистан, дел од нашата слобода.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Немам разбирање за сите, кои ја искористија нашата младост и храброст, нашиот елан, јунаштво и верба...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)