наш (прид.) - мисија (имн.)

Ние дури би можеле и да ја прошириме со османските заемки во јудеошпанскиот јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, до извесно христијанско исламско доближување е дојдено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сепак, Татко го остави да ја заврши мислата: Ние како да заборавивме дека нашата мисија ја започнавме мислејќи на иднината на нашите внуци, а не на минатото на нашите предци, на нивната божем пеколна неслога, причина за неизбежниот судир помеѓу христијанскиот Запад и исламскиот Исток на Балканот и што уште не. Зар не е тоа повик на курбан?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние, мој Камилски, сме должни да ја завршиме нашата мисија, посебно сега, кога сме при нејзиниот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Можеби ние ќе се доближиме до одговорот со нашата мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Нашата мисија може да биде историска ако утре се прифати се надоврза Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Започнавме можеби преамбициозно, како да имаме време до вечноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко презеде иницијатива: Ние, мој Камилски, сакале или не, мораме да ја завршиме нашата мисија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По моето утрешно реферирање, ќе ни преостанат заемките од гастрономијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мила, утре завршува нашата мисија, наскоро ќе ги утврдиме, односно прогласиме стоте (без)опасни османизми со мојот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вишну е материјалната манифестација на Кришна. Dharma или дарба е природно занимање кое нѐ доближува до Кришна или Христос и преку неа ја исполнуваме нашата мисија во материјалниот свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
По прифаќањето на сефарадите, прогонувани од шпанската инквизиција, Империјата покажа толерантен однос кон нашата мисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во тоа и не е целта на нашата мисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Спасот на нашата мисија го гледавме и го гледа­ме во хармонизацијата на божјиот и на световниот пат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)