Во постмодерниов момент, можеме да ги видиме сите истовремено - аскетизмот на триесеттите, геноцидот на четириесеттите, рамните потпетици на седумдесеттите, - вртоглаво се движиме низ милениумот, како да тонеме и при тоа го гледаме сето наше минато.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Потребна е храброст да се променат работите, но со магијата и волшебството што го чуваме во срцето можеме да бидеме љубов за да најдеме љубов, да веруваме во можностите и слободата и ќе најдеме среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Татко задоцнето ги прокоментира последните зборови на Камилски: Тие зборови, мој Камилски, се врзани за нашето минато, а понекогаш само еден збор може да послужи како паметник, мост помеѓу изминатите и сегашните времиња, како незаменлив историски документ и траен извор!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Така, само откога ќе сме во состојба да го сториме тоа, да се вратиме со мислите кон нашето минато, ќе можеме светот и неговите мистерии да ги гледаме на поинаков начин, на еден друг начин поразлично од вчера, прецепција која обезбедува респект најпрво кон самите себе.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Дури и ако нашата уметност случајно влезе интернационалната “mainstream”, таа сигурно ќе биде обоена за некое време од многу посилната емоционална врзаност со нашата специфична лоцираност, нашето минато и нашата иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Но татковата мисла ниту во еден момент не нѐ оддалечуваше од нашата родна земја, од нашето минато, од нашето враќање. Напротив!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И уште една вистина што не е без значење: местото за могила што го избра мајка ми нема никаква врска со нејзиното и со нашето минато а уште помалку може да се поврзува со нашата иднината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„За првпат во модерната уметност, на прагот на цивилизациската заостанатост и резигнацијата на индустриското општество, една архетипска концепција стана клучен настан при поврзувањето на нашата рационална сегашност со нашето минато.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Знам заповедите не ги смислува времето празно Станува збор за состојби од нашето минато (Исплазувањето, јазикот) ги имаат поминато Сите едукативни степени и тоа под наш надзор.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како напуштено дете во лулка од својата мајка... што може? - да измокри и да ги извалка гаќичките... ете ,тоа сте вие, вие што плукате по нашиот чист образ по нашето достоинство, по нашата историја по нашето минато, сегашност и иднина...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Да не прекинуваме еден чудесен континуитет на животот со милиони години остваруван, ние кутрите луѓе, со толку прекини во нашето минато, одвоени од Европа со векови...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Време е да им се довериме, да се отвориме пред децата, да им го кажеме сето наше минато.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сите сакаат овде да бидеме тоа што не сме, а ние да се плашиме да им кажеме на децата кои сме! – Со нашите чеда мораме да бидеме отворени – продолжи Татко – како и секогаш, мора сепак да им го довериме нашето минато.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Уште може да биде опасно за семејството, за нашите деца. – Па нели ние се согласивме дека треба да им зборуваме за нашето минато?
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Децата ќе знаат сами што ќе биде најдобро за нив! – прифати Татко. – Па затоа и мораме да им го раскажеме, нашето минато, да им биде полесно!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Малку ли имаат нашите деца тешкотии со сегашноста, па да им го трупнеме уште и нашето минато? – На кое минато мислиш, мила? – На твоето и на моето, на заедничкото минато преку границата!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)