Нашето место сега е токму овде. Ние мораме да учествуваме во неволјите што следат...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тишина претходи а потоа со мојот мајчин јазик сраснат за мене како близнак заедно ќе ја паметиме оваа светлина - нашето место на раѓање.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Во пределот меѓу два збора, во преминот од едниот до другиот е крајот.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јас, тежок збор, што би рекол еден Андриќ, збор кој пред очите на оние пред кои е кажан, го определува нашето место, кобно и непроменливо, често далеку пред или зад она што ние го знаеме за себе, надвор од нашата волја и зад нашите сили.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Но бидејќи зима и бидејќи неуки и некадарни за вакви големи потфати, место преку граница, беше слегле во нашите места, кај бројлинските падини до езерото, сосема измрзнати.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таквото однесување зар не е слугување на гревот? (Ова грев, сфатете го според објаснувањата на берберот Среќко кој, и покрај трите месеци поминати в затвор, не престана да се препорачува како единствен претставник на Господа во нашето место).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Инаку лично јас, во врска со гревот, одамна го имам прифатено објаснувањето што ми го даде, уште во српско, и тоа без секаква надокнада, писарот на нашата општина, (она, дека гревот е измислица на итрите луѓе).
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Од авиони, пушки и митралези премногу бевме преплашени во нашето место за да можеме да го издржиме и тоа од филмот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А каде е таа Полска? Се прашувавме. Далеку или блиску до нашите места?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Како што прават повеќемина по овие наши места.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Како најобичен светилничар сека зора се прашувам на ‘ртот: како ли ќе изгледаше историјата на нашето место ако моите кога не бев замомчен не ме дадоа за светилничар?
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Дома само за Стојадинов зборуваме. Голем трошок е да имаш авто“.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Мавна со рака небаре брка тешки грижи. „А сега - магла!“ заповеда.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Сега растур, а приквечерина - на нашето место!“ дорече Љупчо.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ќе прошетам и вистински по тој стар орев ако се вратиме некогаш во наше место, си ветив на себеси.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)