наш (прид.) - мака (имн.)

Стотици книги, песни напишани, ора изиграни. За што!? Па, за нашите маки глупави.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
На кантар студен со туч го мерат а можат ли да го измерат, нашиов тутун - нашава мака нашава солена пот!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Во Битола занданите се полни. Што да се расправам за нашите маки и жалови...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Но тогаш почнуваа и нашите маки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Добра е таа само кога ќе нѐ покрие нас и нашите маки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И веднаш ја откри нашата мака.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)