Ние, долупотписаните селани, православни от вера, понеже родум Бугари и верни поданици на н.и.в. Султан Абдул Азис, премилостиви нас цар и татко, кому всевишни Бог да подарува многуденствие, от кого се удостоивме најсетне и великодушнато и многугодишно - ожидаема царска милост, за која сме неописиво признателни и молиме бога за благоденствието и свековечението на царството му, еднодушно и согласно като се опираме на дадени низ царски ферман и правителствените ни закони, за свободното и самостојателно општественоравенствено развитие, за какво си избрахме народна општина, која сос општински печати ополномоштјавана и задолжавана да се трудат и работит и кога ет нужда пред чесното правителство да се преставја за нас и наше лице и уста да бидит.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Зар нашето лице не ги собра брчките од твоето лице, а со нив и твојот живот наталожен врз подметките и шавовите?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Колку испреместени беа нашите лица и тела во излогот!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Погледни ме внимателно. Ако не ти личам на измамник слушај ме и понатака и немој да се смееш кога ќе ти речам дека тие луѓе имаа чудни лица; млечнобели, сиви, жолти, сини, зелени, секакви, само не какви што се нашите лица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Нашата околина, нашата земја, грда или убава, го покажува пред светот нашето лице.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
А најчесто и за жал, ја покажуваме грдата страна на нашето лице.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
„Белки“, му вели дедо ти, а ниту се смее, ниту се радува, само се загледува во стравот на нашите лица и се чуди.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Григор веќе ја врти урката со јајцето, обесена на конец. Го шета јајцето меѓу нашите лица, пред нашите усти.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)