наш (прид.) - литература (имн.)

ТРОШЧЕЈКИН: Па, нашата литература е таква, знаете, не може баш да се следи. Ахахаха.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Самоников беше надежно име на нашата литература?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако првата книга тоа го наслути, „Нова Пасквелија“ несомнено потврди дека со Чинго во нашата литература стапи автор кој загрижено и ангажирано го набљудува животот, бескомпромисно го одразува сето она што се одвива пред неговиот љубопитен поглед и дека таа загледаност негодува и се напрега до прснување, до иронија, до темен, мрачен хумор секогаш кога во тој живот пукаат нишките на хуманото и разумното, секогаш кога се расплинува и исчезнува правината, кога згаснува идеалот, кога зацарува глупоста и незнаењето, секогаш кога заблудите и грешките ќе ја изопачат и убијат убавината и човечноста.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Јас сум реалист – ми велеше Кеавиер, додека, пред Халите, го пиевме топлиот џем од палачинките меѓу прстите – сета наша литература е реалистичка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Пишувајќи го и уредувајќи го илегалниот „Народен билтен“, извесно време и во соработка со корифејот на нашата литература Кочо Рацин, Никола Кирков ја започна немирната и напорна потрга по оние настани за кои ценеше и цени дека треба да се фиксираат за иднината, за недојдените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зошто да исклучиме една ваква можност?“
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Симон Дракул, Ташко Георгиевски, Ката Мисиркова, Петар Ширилов, Божин Павловски, Димитар Башевски, Трајан Петровски, Живко Чинго, и сите други неспоменати овде, кои го следеа во нашата литература тој процес, сите тие горчливи австралиски патеписи, сите тие кенгурски скокови и вестаустовски стории, сите тие вагони врз глувите колосеци што чекаа да не однесат безнадежно кон некои рамни земји и далечни континенти, сите тие литературни зафати во современата наша литература како да се продолжеток на една тематска врвица што ја започна Стојан Христов во литературата со евидентен успех.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ние сега со брзина ќе треба да го разработиме нашиот литературен јазик, да го установиме нашиот правопис и да создадеме една наша литература што ќе им одговара на сите наши потреби.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)