наш (прид.) - лековерен (имн.)

Инаку, да признаам, барем мене така ми се чинеше, тој беше навратил кај нас живите само со една цел, да ја исмее нашата лековерност но и наметливоста на смртта која честопати знае да го исмева животот и да се прави важна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакам да речам дека всушност зборувам за оној момент кога и во нашите размисли менливиот дел на вистината ја исмејува нашата лековерност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и помислувам дека онаа вечер кога ја осатавив на цедило Дуда можев да сторам и таков чекор кој засаекогаш ќе ми ја изменеше судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)