наш (прид.) - култура (имн.)

Такви доживувања, приморуваат секој човек што е одгледан во нашата култура, секогаш, постојано, додека заспива, кога се буди, дури и кога се наоѓа на врвот на успехот - да сонува не за успехот, туку за неуспехот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, јас навистина имам „идентитет”, којшто има висока цена во нашата култура.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Она што во нашата култура своевремено беше формулирано како предизвик во аритметичката вештина, станува повик за учество во група.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Затоа е неопходно училиштето да ги научи децата да мразат, а тоа да не изгледа така, зашто нашата култура не може да ја истрпи помислата дека мали деца можат да се мразат едни со други.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За да се биде успешен во нашата култура, мора да се сонува за неуспехот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Доблестите на модерниот идиотизмот Концептот на идиотизмот во уметноста доста се приближува до еден поим, кој е туѓ на нашата култура, а тоа е концептот на намо во традиционалното општество аре-аре (на Саломонските острови).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Б: Тоа е сега дел од нашата култура.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Токму од овој разлог тој се обидува да не освести за премолчениот логоцентризам вкоренет во нашата култура - така што со тоа што ќе станеме свесни за него ќе бидеме во состојба да му се спротиставиме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Привле­ 148 Margina #11-12 [1994] | okno.mk чени сме од она што останува неоткриено, и уште повеќе бидејќи Ворхоловото поп- сликовито изразување изгледа како да прикрива нешто што е од базично (можеби делумно и вознемирувачко) значење за нашата култура, за нас самите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој исто така има една мисија - создавање на подобра иднина ослободена од логоцентричката изнемоштеност - и тој исто така проповеда во нејзино име.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога посочува на традиционалното претпочитање на суштинското и централното наспроти акциденталното и маргиналното тој идентификува и преиспитува некои од најстарите, најопшти и најдлабоко вкоренети убедувања на нашата култура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целата негова философија е во основа повик за промена, прилично драстична, на начинот на кој што пишуваме, мислиме и концептуализираме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вистина, објектот Фрик и Линдсеј, што се наоѓа близу до центарот на Питсбург, има многу подекоративна фасада од еден обичен склад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За него се чини дека во Западната култура нема ништо толку основно или самоочевидно за да не се преиспита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Она што се чини како апсолутно непробојно во уметноста на Енди Ворхол всушност е тоа што неговите дела ги прави постојано интересни.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи тие исто звучат (за него), во неговото поврзување на А од différance со пирамида,20 или во целосната структура на неговиот Glas: секоја страница од неговата книга содржи нееднакви колумни текст, едната за Хегел а другата на Џин Женет, кои понекогаш се чини дека се поврзани една со друга а другпат дека се целосно раздвоени.21 Со модернистичката недоверба во здравиот разум и предрасудите е поврзана одбојноста кон авторитетот и традицијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Се наоѓаме на местото што беше градилиште на материјалната култура, - па покажа на ридот од каде што дојдоа, - и кое сега е средиште на нашата култура.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Вие денес им се спротивставу­вате на овие големи вредности во нашата култура, пре­родба, историја...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во својата анализа на Бентамовиот Паноптикум, Фуко обрнува внимание на структурата која е во сржта на неговото делување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Разгледувајќи ги импликациите на оваа структура во смисла на нееднаквост, на едно друго место сугерирав дека, во нашата култура, се чини дека мажите сѐ почесто се „инструментите“ на нормализирачкото набљудување, додека жените почесто се субјектите на ова набљудување (White, 1989). okno.mk | Margina #4-5 [1994] 59
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот примарен интерес е степенот до кој местото на индивидуата во социјалната структура - на пример, во академскиот свет - го одредува нејзиниот став за животните прашања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Другите размислувања за областите на моќ би го вклучиле степенот до кој сѐ уште постои некоја од структурите кои ги претставуваат претходните системи на владеачка моќ, и степенот до којшто институционалните нееднаквости - тие од структурна природа и тие кои се однесуваат на нееднаквоста на можностите - доминираат во нашата култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но, можеме исто така да ја разгледуваме деконструкцијата и на други начини: на пример, деконструкцијата на личните приказни и на доминантните културни влијанија врз животот на индивидуата; деконструкцијата на културно доминантните индивидуални и релациони практики; и деконструкцијата на дискурзивните практики на нашата култура.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако во овој текст јас го следев Фуко во истакнувањето на технологиите на модерниот “позитивен” систем на моќ, верувам дека и другите анализи на моќ, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на Бурдиеовите мисли за структурата на социјалните системи на моќ и конститутивните ефекти на овие структури врз животните ставови, се многу релевантни во разгледувањето на секојдневните ситуации со кои се соочуваат терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Геј-културата, каква што ја познававме, беше остаток од една претходна епоха. Не ни изгледаше дека е за нас, дека е наша култура. Немаше што да ни понуди.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Причината поради која е добро да му се одолее на запаѓањето во конвенционални начини на размислување за родот, начини какви што постојано промовира родовата идеологија на нашето општество, е што инаку ќе бидеме склони да прифаќаме, без соодветно да ги разгледаме, многу невистинити претстави за жените и за мажите кои би ги сметале за крајно неодржливи кога не би се совпаѓале со поларизираните концепти на родот што ги зајакнува родовото стереотипизирање претставувајќи ги како чист здрав разум.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Естетиката и стилот традиционално се женска работа, исто како што политиката, стопанството и спортовите по правило се машки.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А ако машките геј- возачи пројавиле склоност кон фолксваген голф и кон форд проуб, како што се тврди, тоа е така затоа што – како што тоа еднаш го срочи еден мој особено надарен стрејт- студент, упатувајќи на една од оние популарни формулации во кои сексуалните и родовите норми на нашата култура си добиле најјадровит и најрезок, иако одбивен, израз – тоа е така затоа што, вели, тие автомобили се „коли за пички“.330* ‌Па, тогаш, што има да се прави таква мистерија од логиката на машката геј- култура?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму затоа што Џоан Крафорд не зазема страшно многу простор во нашата култура, како и да ја дефинираме, токму затоа, велам, можеме да се обидеме да ја истражуваме привлечноста што ја побудува кај гејовите без да се чувствуваме лично засегнати од исходот – или, барем, без да се чувствуваме баш толку лично засегнати колку што би се чувствувале кога би избрале предмет во кој сме сега внесени (како Лејди Гага).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сосема се согласувам со Фелоус дека честопати во стереотипите има вистина – „Колку и да изгледаат ветво“, вели Фелоус, „геј-стереотипите се корисни за испитување на природите на геј-мажите “ (246) – но кога таквите стереотипи ги претвора во архетипови (х, 247) и во вистини за нашата природа, Фелоус премногу полага верба во клишеата, во општествените фантазии за мажественоста и за женственоста кои ни изгледаат очигледни и точни само затоа што се сообразни со распространетите, општоприфатени поимања на полот и на родот, поимања што излегуваат крајно некохерентни штом ќе ги разгледаме одблизу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Тие на претеран начин изразуваат делови од жените, кои стануваат одвоени од целата личност“.202 Тие карикатури на женственоста претставуваат епитом на она што нашата култура го смета за несериозно и ги драматизираат целокупните последици од општественото и симболичното насилство што општеството во кое доминираат мажите го насочува кон сите што се квалификуваат како „женствени“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Милдред Пирс е „женски филм“, а најмногубројните и најпредадените обожаватели на Џоан Крафорд се жени од работничката класа. („Отсекогаш била поголем хит за жените отколку за мажите“, забележува Дејвид Денби).329
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во секој случај, си има особени предности проучувањето на некој класик – на канонско дело што не е од нашево време.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Исто така, во овој миг го имаме и нужното растојание за да поставиме низа други прашања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таквото лековерно верување во вистинитоста на конвенционалните поимања е сосема разбирливо, особено кога се темели врз толку длабоко вкоренети и навидум неприкосновени идеологии како оние што се однесуваат на полот и на родот, но тоа истовремено е и немудро и крајно непотребно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Што има да се изнапише цела книга за да дојде, полека-полека и макотрпно, до простиот и фрапантно очигледен заклучок што требало да се види уште на почетокот?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораше да се повикам на убаво документиран пример за емотивната внесеност на геј-мажите во избраните парчиња од главнотековната култура, дури и ако тоа значеше бирање нешто старомодно и не многу актуелно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Конкретно, би се залетале, без многу-многу внимателно размислување, сите навики, практики, ставови или интереси што нашата култура ги дефинира како нешто немашко или како нешто што отстапува од конвенционалните норми на мажественоста да ги сметаме за „женствени“, без разлика дали имаат некаква врска со навиките, практиките, ставовите и интересите на некоја жена што навистина ја познаваме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ова е промена што се провлекува низ целата наша култура, промена која значи оддалечување од облиците и навиките на печатена страница, во правец на “terra nova”, промена речиси во целина водена од електронските комуникации.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа зборува за уште една важна појава во нашата култура и книжевност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А, од една децентрирана срушивме перспектива, можеме да претпоставиме дека „маргиналното“ комунизмот, и она што го нарекувам „екс-центрично“ (во класата, расата, сега доаѓа на ред полот, сексуалната ориентација или потеклото) добива ново капитализмот! значење во светлината на имплицираното сфаќање дека нашата култура навистина не е хомоген монолит. Маргина 36 7
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зар и ние Балканците ќе немаме доволно аргументи да ја доживееме пробудената свест за хибридноста на човечката раса, за полифонијата на нашата култура, да живееме со другите, а не само покрај нив, да ги воспитуваме нашите деца и потомци во духот на почитувањето на индивидуалните ставови, карактери, чувства.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На пример, како нашата култура, која се вика западна и која се потпира на христијанството, го третира местото на човекот наспроти природата...
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Можно е современите читатели ова да не ги шокира како читателите во 1931, затоа што во меѓувреме нашата култура ја асимилира Теоремата на Гедел, како и некои други револуционерни концепти: теоријата на релативност и квантната механика, и нивните шокантни филозофски пораки веќе продреа до широката јавност, иако можеби амортизирани со неколку слоја превод (а често и обскурност).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но мојот фокус е повеќе на технологијата и нејзината поврзаност со нашата култура во целина.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа било и ќе остане неопходен дел на нашата култура, а истото важи и за писменоста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Сета наша култура на вистина и искреност го отфрла цифрењето, тој суптилен начин судбината да се намести според надворешните знаци, „неавтентични“ знаци.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нештата одеднаш стануваат сѐ полесни, како што културата, нашата култура, се проретчува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)