наш (прид.) - крв (имн.)

Притоа, не мислеше само на нивната, само на Јанческата крв, туку на крвта на сите жители на Потковицата, на сета македонска крв.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И, после, наша крв е, додаваше чекајќи согланост од соговорникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малку е тоа што ние ја пролевавме крвта на нашиот народ за туѓите, па и за интересите на нашите непријатели, но со нашата крв и со разорувањето ќе се восползуваат нашите непријатели од слободните државички за да продолжуваат со своите религиозни и национални пропаганди да нѐ делат на спротивставени и непријателски лагери: Срби, Грци и Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, нашата крв се пролевала за правата на тие народности што или си седеа мирно во време на борбата или беа против нас.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа принуда за Ренан ја претставува најголемата срамота на анексијата и нејзината најмачна политичка иновација: „Човекот нема право да оди наоколу и на другите да им ги мери черепите, па потоа да ги фаќа за гуша и да им вели: „Ти си од нашата крв, ти ни припаѓаш!“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го заборавила својот господар и, гладна, волчосана, ја чувствува уште само нашата крв, нашето неотпорно месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ние сакаме повремено да предизвикуваме судири со турските полчишта и преку нашата крв да го свртуваме вниманието и симпатиите на “човекољубивата“ Европа и да ја придобиеме во едно наше востание, ако не ни помогне, барем да не биде против нас.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- За кој Господ станува збор! Нели му влезе в црква? Заборави?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кој друг отпишувал освен власта што со наша крв ја создававме? - праша Чауле.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ајдете, тогаш, нашата крв да им ја подариме на оние што се наши браќа, наша вечна потврда. О, да побрзаме.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Требаше да се населат голите падини со нашата крв со нашата нежност со нашата омраза.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Од овие причини, откако според мислењето на владарите од наша крв со другите владари и почитувани од нашето кралство и другите важни и угледни лица од државниот совет што беа присутни, добро и совесно ја разгледавме и проучивме цела работа, со оваа изречена, прогласена и наредена конечна и неотповиклива одредба изјавуваме, прогласуваме и наредуваме:
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И на нашите највисоки државни тужители, ниту на кое и да е друго јавно или приватно лице тоа нема да им биде возможно или дозволено, кога и да е или во каква и да е прилика тоа да се спомнува, обвинува или прогонува на кој и да е суд или судска власт.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
I. Прво, споменот на сѐ што се случи на едната и на другата страна од почетокот на месец март 1585 до нашето доаѓање на престолот и за време на другите претходни нереди и за време на овие, да биде збришан и згаснат, како нешто што не се случило.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)