наш (прид.) - колега (имн.)

Седиме со шпанските пријатели во бавчата на Старата Куќа и си ја ладиме душата раскажувајќи дамнешни преживеалици, барајќи лоши стихови во песните на некои наши колеги или мајчосувајќи му ја мајката на современиот тероризам и верски фундаментализам.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Што се однесува до смртта на нашиот колега, мислам дека е во прашање погрешен чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или непромислен гест многу чест во биографиите на поетите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Секако; ги отворивме сите папки со хартии, целата негова пошта; не само што ја отворавме секоја книга, туку ги превртувавме и страниците од секој том, не задоволувајќи се со обично протресување, како што прават некои наши колеги полицајци.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека траеше процесот во Истражниот затвор бевме сосема разделени, не само со Ема, туку и со неколкумината наши колеги од Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе и надворешни соработници, со Крумета Волнаровски, со Азра, Деница, со Авни, Стево Трајчов и со полицискиот службеник од Табаноце, Јованче Крстов.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)