наш (прид.) - козле (имн.)

Нашите родители нѐ имаа овде само нас, ние ги имавме нив, а сега и нашето козле... – Тато, тато ни купи козле! – ја гушкавме сите мајка си, доближувајќи ѝ го козлето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега сите верувавме дека нашето козле ќе ја запре смртта да влегува во нашето семејство кога сака...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Крај нас беше и нашето козле, нашата среќа, на вратата на животот на новата рожба.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да, и ние децата, со среќната мајка и нашето братче, со нашето козле, не знаевме дали летаме кон небото или нѐ задржува земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сега несетум се плашевме уште повеќе од иднината, зашто во неа покрај стравот од смртта на татко ми и мајка ми, беше содржана и смртта на нашето козле.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)