А бе, кај може еден довчерашен емигрант, со неразјаснет идентитет и без партиски легитимитет, да открие документи од првокласно значење за нашата историја.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Палигоров не рече ништо, а Донски продолжи: - Еве, на пример, каде не сте биле доволно буден во составувањето на предлогот: Оваа документација е од првокласно значење за нашата историја...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
За нас, за нашава историја на Потковицата, сите тие љубовни истории важни се не само зашто се интересни само по себе, од литерарна и психолошка страна, туку и дека фрлаат светлина врз меѓучовечките односи во Потковицата, врз политичката определба на луѓето, врз нивните социјални положби, и, пред сè, затоа што најмногу тие го осетлуваат односот на жителите на Потковицата спрема завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Жак Дерида Ние сме разлика... нашиот разум е разлика на дискурси, нашата историја е разлика на времето, нашето битие е разлика на маски.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
И тогаш со домаќините се разврза разговор за тоа дека нивните деца кои веќе стасале за на училиште, не го знаат мајчиниот јазик, а уште помалку знаат и за нашата историја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Моите париски домаќини, овдешни долгогодишни работници, кои веќе имаа деца што одат на училиште, или се веќе подготвени за тоа, велат дека би сакале нивните деца да го знаат нашиот јазик и нашата историја и дека во нивните домови бараат да имаат катче од убавините на родниот крај и да ја слушаат „Билјана платно белеше...“
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
„Думбаровски ќе биде првиот во нашата историја кој жив ќе влезе во својот музеј,“ си шепотеше под носот, одејќи по улицата де лево, де десно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тој ја знае сета наша историја, открива и раскажува поединости, а не го потресува дури ни најголемата драма.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Таков настан има и во нашата историја.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Но, и покрај тоа, тие се најважен и основен извор за проучување на ова важно прашање од нашата историја.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нашата историја е повеќе прочуена со предавници отколку со херои.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Отсекогаш верував дека литературата е уметност, односно умеење да се раскаже нашата историја како историја на другите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
XXXIV Ѕвездите се зборови кои блескаат Погледај ги, ќе ја прочиташ Нашата историја...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настапуваше тивката летна квечерина. Се појавуваа првите ѕвезди над езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXIV И мојот татко е таму Со маслиново стебло од илјада години Кое ниту е од Исток, ниту е од Запад Тој можеби се одмора од освојувачите Махмуд Дарвиш И земјата се пренесува, како јазикот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се сетив на пораката на еден од Дарвишовите стихови, кој беше толку близок со мојата егзилска судбина: Ѕвездите се зборови кои блескаат... погледај ги, ќе ја прочиташ сета наша историја: овде се родивме меѓу огнот и водата - и ќе се родиме одново во облаците кај синиот брег...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нашата историја е наша историја... Нашата историја е нивна, нивната историја би била наша...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
- Арафат доби многу битки со оружје! Тој секогаш ги предводеше Палестинците, стана симбол и во нашите страдања, на нашите опсади, на нашите порази. Нему сите му верувавме.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој е дел од една значајна фаза на нашата историја... - размислуваше спокојно Фарук Кадуми...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Велат дека остана без наследник, не можејќи да замисли дека друг достојно ќе го носи факелот на светлината на слободата во Палестина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
5. Против фалсификувањето на нашата историја и обезвреднувањето на големите луѓе За стравопочит спрема минатото Emil Ludwig, Werner Hegemann
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Како напуштено дете во лулка од својата мајка... што може? - да измокри и да ги извалка гаќичките... ете ,тоа сте вие, вие што плукате по нашиот чист образ по нашето достоинство, по нашата историја по нашето минато, сегашност и иднина...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Единките ќе умрат, како и секогаш, но нашата историја ќе стаса толку далеку колку што воопшто ќе ни затреба да се загледаме во иднината, и со сознанијата од нашето постоење од сите времиња што допрва ќе дојдат, ние ќе ја сознаеме вредноста и оттаму и одговорот по кој отсекогаш сме трагале.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)