наш (прид.) - име (имн.)

8.1 Вечното стебло страда од потајна ровја Му се умилкува на огнот што потонува в земја И ги впишува нашите имиња на небото Со хлорофил што капе на дланките на Мајка.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
И така дојдовме до националното наше име што го имаат носено нашите татковци, дедовци и најблиски предедовци.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Една црвена тркалезна самогласка утрово ми се препречила како коска во грлово и сега само аам и еам, само иам и оам, само уам...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сите тие аам-и и еам-и, се некои кревки ластарчиња, витици кои потеруваат самогласките во мене за да ме потсетат дека јазикот, наспроти нас, е долговечно битие кое не престанува да потерува младици и низ постојана возобнова да го запишува и нашето име во нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ние тука сите си се знаеме по нашите имиња и презимиња, а тие ни кладоа некои на - идис, -исис, -лос, со што и местото и сојот ни го испоганија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На плоштатката, на многу истакнати платна, главно, пејсажи на Париз, читав наши имиња - Драган, Марко, Зоран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И кога ќе не нема повеќе на овој свет зад себе нема да оставиме ништо друго освен нашето име, нашето дело, плодот на љубовта кој е фундамент на постоењето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Или пак дури и тие таквите обиди за скршнување од зададениот пат се само составен дел од таа, во наше име, зацртана траекторија на една човечка судбина?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Маршал Тито наше име поносито- она што е Фродо во Господарот на прстените. Олицетворение на чисто добро.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нашиот став е јасно набележан: да се помагаат сите оние елементи што се борат против непријателот, а политичката ситуација има да ја реши самиот народ по војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа не е точно, истакна Дан, и ние не ја овластивме Англиската влада да зборува во наше име.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
МИХАЈЛО: Ги има во нив сите наши имиња.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Моите татковци од прастаро колено, така ме покрстија, и кога роденденски подарок ми носат, на тортата го ставаат истото име МАКЕДОНИЈА Не, јас не се прекрстувам...нека знаат тие што сакаат да го извалкаат нашето име.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)