наш (прид.) - иднина (имн.)

Градот осамнуваше со старите, но и со нови плакати, пароли: – Да живее социјализмот, Наша иднина е комунизмот, Тито – Сталин иднина, Смрт на класниот непријател, Братство–Единство, Смрт на шпекулантите, Да живеат задругите, Смрт... Смрт на овој, смрт на оној.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ние никогаш не можевме наполно да разбереме што всушност зборуваат татко ми и Чанга, но знаевме дека во разговорот секогаш се присутни козите, нашата иднина со нив.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој кој стоеше на чело на масите што присуствуваа на мојата егзекуција пред конечно да згаснам, ми се поклони со насмевка и ми ја покажа својата дланка во која што му блесна златен долар – идеологот на нашата иднина.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дејвид е член на мала група на илуминати кои играат значајна улога во навигацијата на нашата иднина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Ги очеку­вавме неговите свети шепотења кои ќе ги толкуваме и во нашата иднина.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Земајќи ги предвид насобраните сознанија за животот и за луѓето дали и денес би постапил така како што постапив тие денови? Не сум сигурен...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со право може да се нарече стажарско место на нејзината желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, во тој момент станав свесен за чудното, самобендисано, неодговорно дури и опасно однесување кон нашата иднина на поголемиот број мои пријатели, и помислив, не, не помислив само, туку и решив дека морам да ѝ се спротивставам на неодговорноста и на алчноста...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште една вистина што не е без значење: местото за могила што го избра мајка ми нема никаква врска со нејзиното и со нашето минато а уште помалку може да се поврзува со нашата иднината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и ако нашата уметност случајно влезе интернационалната “mainstream”, таа сигурно ќе биде обоена за некое време од многу посилната емоционална врзаност со нашата специфична лоцираност, нашето минато и нашата иднина.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Она што било фалична анализа на нашата сегашност можеби ќе излезе точно предвидување на нашата иднина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби иде денот кога некои поповолни општествени услови ќе им ги оправдаат тврдењата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, можеби предвидувањата не им биле погрешни, туку само преуранети.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично така, дали хуморот на Лени Брус и на Вуди Ален ќе ја загуби моќта да нѐ насмее кога Евреите сосема ќе се асимилираат, ако се асимилираат?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Им ги спорев тврдењата дека машката геј-култура, односно поткултура, е нешто од минатото, дека е надмината и застарена.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- Дај Томо, доволно се мајтапеше. Знаеш дека во името на љубовта и нашата иднина запнувам на оваа искреност.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но каква можеше да биде неговата иднина, нашата иднина?
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Власта врши духовно и физичко опустошување на нашата иднина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За нашата сегашност, а и за нашата иднина ќе важи следново: човек мора да обрне внимание на контекстите, на преместувањата и придвижувањата за да може да ја осознае играта на смислата и за во неа да може да учествува.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Најпосле Сојузниот влезе во кабинетот. Срдечно ме поздрави и ми рече: Простете, ме бараа од Вашингтон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На сите страни се вознемирени за нашата иднина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се сеќавам на писмената работа од осмо одделение, на тема - за нашата иднина, односно професија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
А и јас, вратен од Цариград, знаев каква стапица за нашата иднина можеше да биде патувањето во Италија. – И ти, тогаш, ништо не ми рече за сево ова, мили. – Те љубев, мила, те љубев!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, како непартиец, но и со сомневања за неговото минато кај надлежните партиски кадровски служби, кои одлучуваа за сѐ и сешто, брзо увиде дека нема никакви шанси да напредува во судската кариера, макар и само на стручен план, како експерт по шумските деликти, па откако ги откри отоманските сиџили, односно судски регистри и кадиски записи на битолскиот кадилак, кои не можеле да стигнат во централните архиви во Цариград, не се спаси са­мо од новото заминување туку ја спасуваше и нашата иднина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вие добро знаете дека со кози и магариња не се стигнува до комунизмот, а со ламби на газие, не се осветлува патот на нашата иднина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во неа тој оптимистички ќе заклучи дека за наша среќа и за среќа на нашата иднина вистината напати без туѓа помош умее да ги прескокне сите објаснувања. (Еве и овде е загатната иако не сосема прецизно таа чудесна вистина што тој ја означува како подвижна).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа е инаку изградена под силното влијание на Мек Луан, Браун и Бакминстер Фулер, тројца значајни современици и визионари на нашата иднина.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога ќе бидеш крај мене почитувај ги моите чувства, грижи се никогаш да не ме распласчеш, докажи ми дека ме сакаш не за сто години, туку за цела вечност, покажи ми нежност, чувај ме за да бидам блиску покрај тебе засекогаш, зошто само љубовта е наша реалност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Знам дека во себе ме чуваш, силно ти верувам, ова е време на надеж, Бог те прати, Бог пак ќе те врати, сега е време за мечтаење, миговите на плачење не прават посилни, нашата иднина е лулка на среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Младата генерација - низ зборот, песната и играта, ќе ни го претстави историското минато, слободното денес и нашата иднина!“ ги поздрави присутните директорката Веселинка.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Откако мајка ми ги загуби и двајцата постари браќа, животот кој и преостануваше беше жртвуван на нашата иднина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Да веруваме дека сме дел од редот во космосот, дека космосот се грижи за нашата иднина.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Замислите си куќа во која не се прави генерално чистење.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)