наш (прид.) - знаење (имн.)

Можеме само да го шириме нашето знаење спрема надвор, од еден поединец до друг, генерација по генерација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Значи дури и на ова базично ниво - нашето знаење за структурата на нашето тело - нашиот мозок е одговорен за конструирање на таа реалност за нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние (луѓето) одиме понатаму од формалните структури и семантичките мрежи на ВИ и го вгнездуваме нашето знаење во интеракциите со светот што нѐ опкружува. [...] Со ова, да се потсетиме на Шајлоковата страсна одбрана на неговата човечност: „Нема ли Евреинот очи?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ако со нашето знаење му се противставиме за направеното ужасно дело, јас сум убеден дека за него тоа ќе биде таков шок што наместо да го придобиеме кон нас, уште подалеку ќе го оттргнеме од нас и никогаш нема да можеме да му се доближиме.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Напати ми скорева солзи, а напати ми иде да ја гушнам дека ете, некогаш и некаде, без наше знаење, сме биле заедно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сме семоќни, иако сме сезнајни, и нашето знаење во случајот на комплексните, значи интересни проблеми, е практично бескорисно.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Нека си помислат небаре образиве ни се бакнале без наше знаење...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Освен тоа, Хичкок го користи старото правило, познато уште на Ајсхил во „Орестија“ дека најгрозните дејствија се случуваат покрај одарот: крајот на настаните од таа секвенца е хотелската соба во која љубезно разговараат Елза и госпоѓа Кејпор, од терасата Ашенден со двоглед ги забележува случките на брегот; секојдневниот животен ритам се дроби врз подлогата на нашето знаење дека во тој момент на друго место, насекаде се случуваат напнати и страшни настани што непосредно се однесуваат на соговорниците, непријатноста, нелагодноста се продлабочува со страшната „лоша вест“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сме семожни, иако сме сезнаечки, и нашето знаење во примерот на комплексните, значи и интересни проблеми, практично е некорисно.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)