наш (прид.) - задача (имн.)

Нашата задача и мака е, ако прекантари тоа рамновесие кај човекот - да го вратиме повторно во првобитната душевна и разумна терезија... Душата е една од тајните над тајните...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Потоа тој почна да излегува од скривалиштето во вечерните часови поради што јас го укорив на што тој исто така не обрна никакво внимание иако беше свесен дека може да не провали и нашата задача да биде неизвршена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Наша задача е да издадеме триесет странички монографија во која накратко, за најширокиот таргет, ќе го отслика целокупниот успех поврзан со дваесетте години, според мене, лично без никаква дилема, сосем коректно и успешно владеење на генералот Стојан.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да го најдеме нашето мото, нашата задача на оваа планета.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мислам дека уште во тој момент, додека го образложував овој дел од мојот исказ, знаев дека ќе бидам погрешно сфатен; дека моите соборци ќе помислат дека се обидувам на нашата борба да ѝ одземам некои од нејзините основни вредности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, и тоа е наша задача, реков, да ја негуваме таа питома разумност...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас добро знам дека не е ништо лесно во овие времиња, но добро знам дека останува наша задача да се оствари оваа благородна цел и да зајакне француско македонската соработка и пријателство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така, ние знаеме дека амбиваленцијата и контингенцијата се тука за да останат, и нашата задача е да научиме како да живееме заедно со нив.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За да се разбере постмодернитетот треба, според Вашата сугестија, да се напуштат категориите како што се: општество, нормативна група (класа или заедница), социјализација, контрола, и да ги замениме со категориите „социјалитет“, „станиште“, „самоконституција“ и „самоздружување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Не знам. Тој нема му мисли за тоа... Наша задача е да чекаме...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
ХУМАНИЗАМ: НАВИГАЦИОНЕН ПЛАН НА ИГРАТА Теоријата на хаос ни овозможува да ја вреднуваме нашата задача: разбирање, уживање и славење на волшебната природа на целиот универзум - вклучувајќи ги тотално лудите парадокси внатре во нашите мозоци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Активирањето на таканаречената десна мозочна хемисфера ги елиминира последните табуа околу разбирањето на Хаосот и обезбедува практична основа за Margina #32-33 [1996] | okno.mk 31 филозофијата на хуманизмот - поттикнувајќи нѐ да се здружиме со другите за да создадеме наши сопствени верзии на Хаос. ...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)