наш (прид.) - живот (имн.)

Ќе ги браниме, ако затреба, со нашите животи, им се колневме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга можеше да биде нашиот нов Сталин. Заштитник на нашите кози, на нашите животи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козите речиси беа сраснати со нашите животи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ех, такво е и нашето расположение, па и нашиот живот, како лет на пеперутка, се крева и паѓа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеше за нивната недоделканост и подлост, но не сакаше на тоа да му дава значење за нашиот живот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Празното во нашиот живот бара да биде пополнето со сеќавањето, како водата од браздата крај патот што ја исполнува секоја кртечина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Фала му на Бога - знае често да каже Миртл додека во њујоршките квечерини пијат чај самите или со пријателите - во нашите животи не нѐ растревожија потресни настани”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури тогаш кога ќе се сосредоточиме врз критичкото од-странување од мемориската функција - од-странување што ни го нудат електронските мемории - ќе започнеме да го разбираме влијанието што оваа револуција го има врз нашиот живот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ќе се покаже, како и со сите други нешта во нашиот живот, дека и овде без отстапки треба да му веруваме на човек кој денес е наш водач и којшто знае по кој пат треба да се тргне германската уметност ако сака да ја исполни својата голема задача, да биде весник на германскиот начин и суштество.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Па сепак, се чини дека фасцинацијата со средиштето најпогубни последици има во подрачјето на општествената рефлексија - во сферата на идеите што општеството ги произведува за себеси, во точката во која се одвива трескавичниот обид за разбирање на политичките, општествени и културни процеси што доминираат со нашите животи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ете, од ваа вечер знај дека јас ќе барам чаре да избегаме некаде далеку каде никој нема да ни пречи во нашиот живот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, да те земиме, ама којзнае дали ќе можиш да го тргаш нашиот живот — рече Толе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А со приказни улиците се преполни, насекаде гледам приказни, полни се полициските комесеријати, полни се кривичните судови, нашиот живот е полн со нив.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Меѓутоа, за сфаќање на неговиот однос кон кичот најзначајна е реченицата од текстот „Лажна уметност“: „Отсуството на кичот го прави нашиот живот неиздржлив“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Џерард, клинец од Бруклин, подоцна играше значајна улога во нашиот живот во Фектори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бевме презафатени со пакувањето на Елвис и Лиз Тејлор за изложбата во Калифорнија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Чарлс ми рече дека познава некој Џерард Маланга, студент на Вагнер коле­ џот, и нѐ запозна на една книжевна вечер во New School.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Остави, остави, Веле, немој, не треба - таков е нашиот живот...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во нашиот живот нема место за зборовите на срцето. Помисли си.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Премногу се испреплетоа сиџилите во нашиот живот... Тешко е да излеземе од нив...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Континуитетот на нашиот живот се одржува така, што е окружен со цврстата состојба на супстанцата на времето, кое траеше извесен период.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секогаш е подобро во нашиот живот да зависиме од нешто што не зависи од нас.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И дали човекот го сеќава растењето на своите коленца?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега знам, дека за да се надрасне она речиси требало да се случи нешто позначајно во нашиот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тие постојано ми шетаат пред очите бележани со боите на неуништивата трајност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да бидеме двајцата сами во планината. Високо! Речиси покрај одаите на Господа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За жал, ниту јас ја прашав ниту пак таа ми објасни од колку коленца е составен нашиот живот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А таквите посети во нашиот живот беа толку ретки што нема потреба да ги барам и да ги извлекувам од долапите на сеќавањата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она, дека е спремен со мене да подели се што ќе наиде во нашиот живот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Човекот е создаден за да го слушнат – ми порача мајка ми малку подоцна, истиот ден, но не се впушти да објаснува какви намери се кријат зад овие зборови?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Убаво момиче си, Кате. Ќе имаш ли среќа, момиче, да не го живееш нашиот живот?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Од таа гледна точка, нашиот живот е една беспрекорно уредена нарација, расказ кој однапред е напишан, а клопчето се расплетува – кога ќе му дојде времето.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога ќе видиме дека се што поминува низ земјата се чисти, ќе сфатиме дека таа е филтер на нашиот живот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Напротив, Мечев, Кирков и Орце беа на мислење задолжително да заврши со тоа и нашиот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Со тоа го отежнавме делото, за кое бевме решени да го жртвуваме нашиот живот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Можеби требаше до крај да останам упорна во својот отпор кон Вера и да не ѝ дозволам на таа туѓа жена да заземе такво место во нашиот живот со Ели, а татко ми како сака нека постапува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Другиот навод од Борхес - последниот од трите епиграфи - гласи вака: “Друга школа тврди дека сето време веќе истекло и дека нашиот живот е само сеќавање или одраз во квечерина, несомнено кривотворен и испокасапен, од еден неповратен процес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Следната (школа, тврди), дека историјата на универзумот - и во неа нашите животи и најситните поединости од нашите животи - е писмо кое го создава некој понизок бог со цел да се разбере со ѓаволот. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 14
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој, со младешки растреперени седави коси, не престануваше да зборува: „Ако нашиот живот е непрекинато пулсирање изложено на промени, природно е дека еден на друг не можеме ништо да си ветиме.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Смислата на нашиот живот ќе биде исполнета и крајот настапува неизбежно и природно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но за тоа како и за сè друго радосно, големо во нашиот живот дури подоцна дознаваме, дури на крајот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Уште првиот ден кога ни соопштија за овој толку чуден, необичен настан во нашиот живот, нѐ фати таа треска. Проклет да бидам, треска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Потребата да се согледа прозата на Чинго како мерник на едно време, како видување на тие големи настани и процеси во нашиот живот поттикната е, во голема мера, и со видот на таа проза, со нејзината произлезеност од тоа време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Бидејќи нашиот живот постепено, како екстерно така и интерно, ќе стане „живот во множина” - значи живот внатре во различни општествени и културолошки контексти, како и живот којшто низ себе пропушта и во себе поврзува голем број замисли - дизајнот мора да ги има предвид не само расположливите стандарди (локални, национални, општествени) туку ќе мора да создава и мешовити (мултивалентни) творби.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Националистичкиот, болшевичкиот и фашистичкиот олош решава за нашите животи. Сите општествени норми се обезвреднети.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но тоа беше доволно за да разберам дека на патот на нашиот живот, до дното на неговата суштина, с е врата и ништо не е клуч.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги читаше најчесто пред да заспие, како делови на нејзината голема молитва.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот тивко се ронеше крај татковите книги, со нови прамени бела коса, во таа голема семејна архива на нашиот живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка веруваше оти го има штитот меѓу нашите животи и смртта. Светите книги. Нејзиното лично верување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред конечно да ги прецизираат поединечните и општите обврски, Татко неочекувано рече: Ние мораме, мој Камилски, да ја завршиме нашата потрага, со областа која најмногу го опфаќа некогашниот живот, нашиот живот, животот воопшто!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не се доискажа, очекувајќи Камилски да запраша: Кое би можело да биде тоа подрачје?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, кога ќе се сетам за нашиот живот до мојата петнаесетта година, не можам да помислам дека Ханка би можела да не ми биде мајка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А нашиот живот е исполнет со празнини. Ние висиме над бездната од тие празнини.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не постои никаква предвидлива можност да се случи промена во текот на нашите животи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дека започнува ново поглавје во нашите животи…, дека мора да најдеме сила…, спомените за еден прекрасен човек да ни помогнат да продолжиме понатаму…
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пол Морисеј и Фред Хјуз во тоа време имаа најголемо влијание на нашиот живот во Фектори и секако, и едниот и другиот имаа своја идеја како би требало да изгледа новата Фектори.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Одзади - театарската старудија од целиот наш живот, замрзнати маски од второстепена комедија, а однапред - темна длабочина и очи, очи, очи, што гледаат во нас, што ја чекаат нашата смрт.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Не, јас не за таа опасност имам намера да зборувам, а воопшто, за нашиот живот со тебе. 200 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Од сички маки тешки не видовме бел ден, а од солзи жешки не стануе меден нашиот живот!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мајка стоеше на прагот, како врата на нашата надеж, како колепка на нашите животи, како тврдина на нашата куќа, како гнездо на нашите надежи, заштитникот на нашиот дом, лебот на нашата сиромаштија, лекот на нашите болки, недогорената свеќа на нашата куќа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нашата татковина. Нашиот живот, без линијата на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Поголемите синови ѝ се сронуваа во новите судири со животот, со преостанатиот дел од тежините на егзилот кој им остануваше во наследство, без Татко, што најмногу го докршуваше секогаш силното Мајкино срце, најсилниот жртвен браник на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откако се премости критичното време со козите, спасителките на нашите животи, со златникот на дедо, во кој беше собрано сето наследство кое ни беше земено, а според Мајка, вратено од добриот Бог, па се спасија нашите животи од гладувањето, со Мајкиното жртвување да работи како касиерка во киното „Балкан” – требаше да настапат посреќни времиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога секна и млекото од оваа коза, Мајка повторно се соочи со опасноста од гладот кој им се закануваше на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Потем се слушна рапавиот, но силен пискот на локомотивчето и вовчето забревтано појде удолу. Кон новата станица на нашиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
IX Може слободно да се рече дека историјата на животот на Мајка, откако нѐ роди, беше најмногу составена од идентични настани што подразбираа постојана заложба да ги спасува нашите животи на Балканот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Јунг го сметаше мајкиниот архетип за една од клучните слики на нашиот живот кого го бараме и низ обележјата на нашата автентична мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И Татко и Мајка, на различни начини, беа обземени, во залезот на нивните животи, со големото прашање на нивните животи – што ќе стане со нас, децата, кој ќе бдее над нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Беше јасно оти ја бев заслужил оваа голема наклоност на Мајка да се грижам за книгите, по објавувањето на романот Таткови­те книги, во која се раскажуваше нејзиниот живот, нашиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Така опстојуваше нивната љубов, како постојана и најсигурна стреа на нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наспроти сите притаени сопирања од страна на Татко да појде во родната земја, Мајка беше решена да се најде и на жртвеникот на враќањето, небаре сакајќи, со самото минување на границата, да ја обезличи, да нѐ ослободи од нејзиното митско присуство во нашите животи, да го наложи чинот на враќањето како нормална состојба, како и за сите други луѓе на земјата, како нејзин реванш над балканската историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа само тивко прозборе: – Вистина е – прифати Мајка – дека за децата останаа многу тајни од нашите животи.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ја чувавме сликата на Сталин, крај онаа на Тито, над детските глави, за да ги штити нашите животи, а сега се случуваше да страдаме од еден од тие портрети!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бидејќи со тоа доверената ни задача а и нашите животи беа доведени во опасност, јас му наредив на нашиот човек двајцата да ги ликвидира заради што му го дадов моето лесно оружје што Вие ми го доделивте поради поголема практичност во извршувањето на нашата специфична задача.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Татко го држеше цврсто кормилото на чунот, но и на нашите животи.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Одамна се имам уверено дека сите големи зла, што го потресуваат нашиот живот, а и оние што го потресуваат светот, почнуваат како мали, беззначајни настани.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Спомна и некоја несправедливост кон мене од нивните искажувања а веднаш потоа уследија и зборови во одбрана на нашата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А притоа знаев дека неговото службено место е поткрепено и со посебни овластувања.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Оф, ангелот и не е толку бел“ ги повторував тие нејзини зборови во себе додека слушав како таа им раскажува на некои непознати луѓе за мојот однос кон неа, за нас, за нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веднаш сфатив, оценувајќи ги внимателно размислите, дека во овие нови околности на нашиот живот неговата силина и машкост многукатно се имаат зголемени со оглед на местото и положбата што ја заземаше во извршната власт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие се таа наша кутра живеачка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Да, токму ова беше заклучокот што го изведов откако пробуричкав низ сите мисли што можеле да спопаднат една девојка со некој нејзин однос кон околностите во кои се одвиваше нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не сум сигурен иако знам дека спомнативе нешта се тие непредвидливи ситници што ја создаваат сликата за нашиот живот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Војните изгледа се внатре, во коренот на нашиот живот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Притоа не мислам само на мене и на татко ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Точно е тоа, нашиот живот протече низ тој страв да не се случи полошото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секогаш е подобро во нашиот живот да зависиме од нешто што не зависи од нас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Поголемиот дел од модерната уметност е чиста површност, целосна површност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ние секогаш велиме дека еден ден ќе постои последна Жилберт&Џорџ слика што ќе го одбележи целиот наш живот заедно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Постојат приказни, настани, реални и болни моменти од нашиот живот на кои и самите им го вртиме грбот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се обидувам да ги воскреснам крвавите детали од минатото и сегашноста, болни приказни, моменти на тага кои се обидуваме да ги закопаме длабоко во душата, мрачни секвенци од прашумата која го опкружува нашиот живот, нејасни фигури, а кои другите луѓе попрво би ги игнорирале.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Затова сме сите христиани должни да сакаме: зашто наша живот ест на небо.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Ова не го измени нашиот живот, но многу измени во нашата душа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И нашиот живот нѐ одмина, вели. 50.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Можеби и нашиот живот во крајна линија е збир на сите наши соништа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Куќата е празна со откорнати врати и прозорци.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И нашиот живот почнува со првиот миг, со првиот ден на раѓањето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Долго потоа ги пребројувавме ранетите и повредените, се миевме на чешмичето и живо расправавме за првата вистинска тепачка во нашиот живот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Најголемиот дел од нашиот живот е осуден да остане анонимен: светот на нашиот пулс, просторот од оваа страна на лицето, секвенците на внатрешното кино...
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дејствието во нашиот живот е недоволно, сурово и наивно, епитетите го прават вечен!
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Онаа што сакам да го сугерирам е: за смислено да интерпретираме дадена ситуација ние повикуваме стотици шеми од нашето „множество на шеми” и дека искуството собрано преку целиот наш живот, вештините и општото знаење, нашите сеќавања за различни случки, може да е кодирано во таква лична „енциклопедија” од илјадници шеми, збогатена и од вербалниот домен за да инкорпорира и репрезантации на акции и перцепции, мотиви и емоции, лични и социјални интеракции и на крај, на јас-ството.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)