наш (прид.) - жена (имн.)

Какви вустанки, какви шалварки, какви гаќи ќе ми носи! Му е гајле на нашите жени дека не носат гаќи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Е, — море веку, море! Се скрасиа веќе нашите жени, тики и Ѓупки веќе почнаа да зимаат марјовците, — си велеа едни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Му се обраќаа довикувајќи го - црвената треска што трепереше во водата, - разголените гради на нашите жени, - молњите скриени во молитвениците на монасите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ние, освен тоа, можеме и да не ви дадеме камења. Повелете, еве ви го капарот и збогум, со здравје. Оставете ги нашите жени.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Какви се овие луѓе, Доце? прашал со стрелушење. - Гледаат под очи како да дошле да ограбуваат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислиш ли да ги пуштиме вкуќи, да ги седнеме на софра со нас и со нашите жени? - Не знам, признал Доце Срменков.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мавни ми се од патот зашто, жими најмилото, ќе минам преку тебе. - Ќе минеш но твојата ѕвезда ќе догори.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тоа што нашите жени имаат крст меѓу веѓите, ни остана од старо време, од времињата на Јанинскиот Паша.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)