наш (прид.) - душа (имн.)

Во секој случај, тоа ветување не ќе може да се одржи сè додека не успееме во голем дел да се ослободиме од Декартовото наследство.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Владимир Давчев е асистент на Филозофскиот факултет при катедрата за хуманистички студии Користена литература 1 Авторот Ферид Мухиќ, во една серија написи, во врска со сфаќањето на Орфичарите за односот на душата и телото го вели следново:“Зошто ѝ е, воопшто на нашата душа, потребно телото?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кој да влезе тогаш во нашите души, во душите на овие мали, блажени суштества со толку ведрина во изразот, со толкаво сочувство со нашата беда во ова бурно, неизвесно балканско проколнато време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зборот што најмногу го очекувавме, Татко тивко го изговори: - Остануваме! Остануваме! Силно одекнуваше во нашите души.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Еден збор, еден поглед, најмала ситница можат понекогаш да предизвикаат бура во нашата душа!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За оној кој на астал ладен со ладна глава думи тешки над наши глави реди и клава, поплаки до емисари и конзули како отров за нашите души довикува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Бевме во добата на невиноста, во која кога ни се упатени срамежлив поглед и затскриено искажан копнеж, тие предизвикуваат ерупции во нашата душа, под тенката и нежна телесна обвивка, доба кога душата и телото се сѐ уште поврзани во едно; добата на невиноста, кога возбудата не знае дека еден ден ќе се претвори во рамнодушност или во нагон за задоволување само на телесните потреби, а тогаш, дури и кога ќе успее во себе да вткае страст, нема да има ни способност ниту пак желба да го претвори мигот на уживањето во малечка вечност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во неделите не одев во домот на Рајнер, затоа што дома не знаев како да се оправдам, бидејќи тогаш библиотеката беше затворена за читателите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Портретот и детските ликови пријателски го гледаа и со некоја молчелива благодарност како да му велеа: „Долго го чекавме твоето доаѓање, зашто само ти ја имаше небесната знаја и умниот клуч за а го отклучиш катинарот на времето и ропството на нашите души.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Затоа се симнав да ти ја кажам скрбта со која сме налегнати, тагата со која сме исполнети до гуша, чемерот врз нашата душа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„И раните на телото се привремени, како што крвта и месото се привремени, оти нашите вечни тела се од друга материја, која не може ниту да се рани, ниту да се уништи.“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„А што е нашето земно тело освен привремено живеалиште за нашата душа?“ се насмевна повторно старецот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, денес, и од денес понатаму нашите души ќе бидат планина без осој и студенило на темните сенки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
• Човечкото тело е само материја во која влегуваат нашите души.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Проклет да бидам, во нашата душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Заборавете го минатото како средство за обвинување, исчистете се еднаш од тие напластени шеми на размислување, тука треба да се разберат и простат грешките од минатото.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Штом некоја шема не функционира, направете едно чистење во својот духовен живот, како што напролет со постите правиме чистење на своето тело од сѐ што се напластило како негативно во нашиот организам, во нашиот ум и во нашата душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Што се случува со нашата душа после смрта? Што беше тоа петинг…
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
КУРТА: Доста!! Доста!!
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Сѐ она што се обидуваме да го сториме“, вели тој, „тоа е дело на нашата душа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Нашиот живот е во нашата душа“, вели надмоќно тој, како да допрел којзнае каква вистина, „а душата нѐ учи што треба да мразиме а што да сакаме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ние по цел ден седевме на палубата и гледавме во водената пустелија околу нас, темна како нашата душа; гледавме и молчевме; не мислевме ни на жена ни на разоноди во бродот: размислувавме само кај сме и кај одиме, и господ да ни го чува здравјето да не ги нараниме овие риби што скокаа околу бродот чекајќи мртовци.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Мојава душа е пристаниште и само ти можеш да го укотвиш грандиозниот брод на љубовта, мојата страст, нежност и копнеж, моево срце и душа се најинтимното нешто што можам да ти го подарам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако го трансформираме внатрешниот свет на нашите души ако се ослободиме од темните сенки на нашето минато, од разочарувањата, неуспесите, траумите, понижувањата, ако научиме да го контролираме минатото, нема повеќе да го носиме како тежок товар, нема зошто да жалиме сѐ е добра лекција, шамар за освестување.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
МИРИС НА ЛИПИ И РАСЦУТЕНИ БАГРЕМИ, НЕМИР ВО ДВЕ СРЦА И ЕДНИ ТОПЛИ НО ТАЖНИ ОЧИ...
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Создадовме свет за нашите души и ништо не е случајно, се пронајдовме за да можеме заедно да живееме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Твојот глас ме буди во силен вресок.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ние сме многу подобри од тоа што мислиме дека сме и ако мапата на нашата душа, не се согласува со мапата на животот што го живееме ќе мора да ја промениме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас го отворив срцето, ти го подарувам земи го, отсекогаш ти припаѓало само тебе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Малите работи, можат да направат големи разлики и длабоко задоволувачки промени во животот на луѓето но и во светот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Искрите од животните тајни ги оживуваме и им даваме дел од нашата душа, се бориме до последен ѕдив, со последниот атом енергија, затоа што живот е борба, а човекот е победник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не можеме со ламби и фенери да ги бараме одговорите, во рамките на нашите души постојат гласови кои ни ги даваат сите одговори, ние самите најдобро можеме да ги лекуваме нашите најдлабоки рани, да ги надминеме нашите ограничувања, нашите пречки и предизвици и да видиме каде нашата душа копнее да оди.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потребна е храброст да се променат работите, но со магијата и волшебството што го чуваме во срцето можеме да бидеме љубов за да најдеме љубов, да веруваме во можностите и слободата и ќе најдеме среќа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Нашите души се едно, твоите насмевки се блиску до мене.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Срцето ќе не однесе таму каде што припаѓаме, во срцевината на еден мал универзум, скроен по мерката на нашата душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најлошите карактерни особини, егоизам, нарцисоизам, љубомора, завист, огорченост спрема другите, тие се како црви кои ја поткопуваат нашата душа, најтемни демони кои ќе ја уништат секоја келија во нашиот систем во кој останало уште малку добрина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ова не го измени нашиот живот, но многу измени во нашата душа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)