наш (прид.) - дух (имн.)

32 „Драги пријатели и ценети колеги“, им се обрати професорот Артур на групата академици собрани околу долгиот ред споени маси, бледи над црните одела, „се собравме свечено да ја одбележиме и оваа годишнина на Академијата којашто е дом на нашиот дух.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Според Гастон Башлар сонот ги означува крајните граници на нашиот дух.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најчесто во сон, откако тајно ќе ја минам границата се упатувам во мојата родна куќа крај езерото, која веќе не постои во реалноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа беше нашиот дух, Науме, што светеше во мракот и секогаш пред очи ги имав тие пламенчиња и на жнеење, и на гроздобер, и на тивки седенки на кои повеќе пеевме со очи зашто под прозорците се врткаше грчкиот полицаец...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Признав дека и овојпат има право.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност бркав само една цел, посакував да ја оттргам од темните размисли кои во ваквите моменти завладуваат со нашиот дух и со чувствата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Додатна доза воздух за нашата размисла. За нашиот дух.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со песни и пароли, со строев чекор и со раскажувања за херојски и победнички битки го јакнеа нашиот дух и секој ден си игравме војна.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ташко Георгиевски, мој е впечаток, мошне впечатливо ги спојува специфичните и субверзивни формални јазички иновации (пореметена синтакса, преплет на гласови, тек на свест...) со она што значи „наш дух, ритам и автентичност“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)