наш (прид.) - должност (имн.)

Со развитокот на бирократско-корпоративниот капитализам се губи таа индивидуална авто­номија, владетелскиот круг на луѓе станува хетерономен: неконформизмот на протес­ тант­ската етика се заменува со насоченоста кон признавањето од страна на социјалната група, на која � припаѓа индивидуата; Идеалното Јас радикално ја менува својата содржина и некако станува „внатрешно”, се состои од исчекувањата на соодветната старосна група на околината, такашто изворот на моралното задоволство веќе не е чувството дека наспроти притисокот однадвор сме останале доследни самите на себеси и сме ја извршиле нашата должност туку повеќе чувството дека лојалноста кон групата сме ја ставиле над сето останато.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нашата должност спрема Партијата“, рече Џулија како од топ.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше две имиња за тоа. Едното беше „правење бебе“, а другото беше „нашата должност кон Партијата“: да, навистина ја употребуваше таа реченица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми се чини дека нашата должност е во моментот борбата да ни биде свртена кон таа Европа, која одлучува за судбината на нашиот народ, а потоа борбата со Турците ќе биде дури беспредметна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Секој е одговорен за себе, секој е самиот одговорен пред Бога, не смее да се следи слепото мнозинство, најважното во очите на другите и во успехот пред другите е внатрешното задоволство дека ја извршивме нашата должност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)