наш (прид.) - детство (имн.)

Се навикнувам на туѓа смрт-учителите и соседите од нашето детство за чие заминување сознавам од последните страници на весникот, сцените на умирање во филмовите, извештаите за вистинските умирања од воените боишта, жените вдовици во црно по улиците.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Ако Кокта беше пијалок на нашата младост, тогаш Флаворајт беше сок на нашето детство.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Сакаме да ја видиме. Таа е дел од нашето детство и врежана е во нашето паметење.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овој зелен гуштер што ги крие од нас своите патеки што се чини секогаш на дофат а толку е далеку Како да се симнал од стрмната планина на нашето детство, по која повторно се јазиме а никако да ја совладаме.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Еве чудесна уметност на модерното време еднаква на вештината за правење огномети од нашето детство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се сетив како во нашето детство ме бакнуваше в чело некако скришум, кога мајка не беше покрај нас, бидејќи му се потсмеваше на таквата нежност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми се чинеше дека не дишам, ми се чинеше дека не чувствувам ништо, само допирот на неговите усни на моето теме, и топлината на неговиот здив што мирисаше на алкохол, и цврстината на неговите раце што ми ја притискаа главата во неговите гради.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, еве, козата како да требаше да помогне, по толку страдања во привикнувањето на новата почва, на новиот брег на жи­вотот, да го дополни она што беше изгубено, она што му недостигаше на нашето детство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XVI Кога сакавме да го видиме најубавиот и најголемиот снег во животот, се враќавме назад, длабоко во нашето детство од времето на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стравот се всели во сите наши детства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие, бели како снегот, светкаа со очите, како, мали сонца што го грееја нашето детство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така течеше времето на најзначајниот настан во нашето детство.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XXXIII Но козјиот рај на нашето детство, по извесно време, беше прекинат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)