наш (прид.) - двор (имн.)

Па така, софрата и покрај сите наши дворови натопени со многу вино и спомени од кои срцето и сега ми заигрува, беше во кафеана.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Следното доаѓање на Александар веќе не беше планирано.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имав впечаток дека, ако постоиме уште малку со отворена порта, сета магла од градот ќе се втурне во нашиот двор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Маглата упаѓаше низ отворената порта во нашиот двор со огромни клопчиња, со наметки и бовчи, како натраплива Циганка што ги натура сите услуги со вражање и гледање на дланка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Возовите се огласуваат при секое поминување покрај нашиот двор. Ревносно. Шумно: свират, пуфкаат, татнат: - Фиу-у-у-у... - У-у-у-у... - Пуф-пуф-пуф. - Пуф...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Децата им извикуваат, ги крштеваат со разни имиња, според тоа веќе како им одекнува во ушите свирењето и пуфкањето на локомотивите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Постој, поседи во нашиот двор, проговори нешто помогни им на овошкиве да расцветаат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Беше сончево неделно претпладне кога чичкото влезе во нашиот двор.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Дојде еден чичко со лопата. Си влезе во нашиот двор, си седна на скалите, а лопатата ја стави меѓу нозете.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Есен е. Во нашиот двор од негде ќе заскита ветерот и ќе ги заниша малку гранките на црешната.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Чичкото беше дојден да прекопа еден дел од нашиот двор.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Заедно гледавме во нашиот двор, во кој пак беше навлегол ветерот и пустошеше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога влеговме во нашиот двор, таа застана и ми го рече она што го мислеше цело време: - Сакам да посадиме во дворот жива елка!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И паметам дека попладнето воздухот во нашиот двор мирисаше на печена кокошка и топла погача и како мајка од сандукот ги извади пљачките и не облече така, како што не облекуваше кога не носеше во црква...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пламен го лижеше небото и го осветлуваше нашиот двор како бел ден.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Не можев да ги задржам солзите кога Вера сама, со свои раце, ги наместуваше цвеќињата што ги набравме од нашиот двор и ги донесовме за вазната од камен на гробот.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имав видено во нашиот двор како петлите се качуваат на кокошките, кај соседите имав видено како се објагнува овца, но во човечкиот живот многу нешта се поинакви отколку кај птиците и животните.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поинакви, а сепак исти. Татко ти беше убав, а сѐ меѓу нас се случуваше во шталата на соседите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Па знаеш, во нашиот двор немаше огон - и време им дошло на митровденчињата да цутат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Педерлук стана модерна шема секој од Сорос во раце го зема дојдоа дури во нашиот двор Софија Теодор прв амбасадор Педерлук сегде на Тв се врти и секој водител газот го трти пораки секоја вечер се редат неможат мирно на газот да седат Ја сум пасив, имам снага витка пуштајте есемес никој да не титка добро ситуиран живеам на Водно поздрав до режија нека стои долго
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И во нашиот двор набргу се всели козјиот рај.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наеднаш, и самата изненадена, се свртува кон нас и објавува дека деновиве била прилично вознемирена бидејќи поверувала дека пролетва нема да се појави оној чифт желки во нашиот двор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Черепухи, објаснува татко ми. Желки! Мислам дека и ти ги имаш видено во нашиот двор, Лев?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Месечината ги покриваше покривите како со мраз, додека росата блескотеше како снег по тревата во нашиот двор.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Засади некои марсовски сончогледи во нашиот двор, но бидејќи цел месец беше на пат, а сончогледите израснаа мошне големи, Мама еден ден истрча од куќата и сите ги исече.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со таков занес и шумен подем беше закитен градот кога во нашиот двор во свечена воена униформа се појави другарот Ѓорѓи Смокот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никој не беше сигурен колку бунари имаше ископано пред да дојде во нашиот двор!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знаеш колку богата се чувствував кога циганинот Али ја внесе вреќата во нашиот двор?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откако излегов од нашиот двор во Новодеревјновское јас се чувствувам насекаде како гостин а гостите треба да внимаваат на своето однесување".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Врти низ дворот од сосодот Лешо, врти крај оградата, се обидува да влезе во нашиот двор, но не може.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Татко ми мина покрај соседот Лешо кој то гледаше наорлено, и кроце, си го крена кошарето со пчелите, му направија луѓето пат да мине, влезе во нашиот двор и со дување чад го префрли улиштето во нашето кошаре, а потоа кошарето од соседот му го врати назад.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ни триста синџири не помагаа; го врзуваше соседот Лешо, но тоа што правеше, како правеше, се измолкнуваше ли, го кинеше синџирот и сјурнуваше во нашиот двор и како без глава јуреше по кокошките, по пајките, по телето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Кралство ми беше нашиот двор, поданици верни - сѐ во него што е, секој жив створ.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Седнав до неа. Заедно гледавме во нашиот двор, во кој пак беше навлегол ветерот и пустошеше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)