наш (прид.) - група (имн.)

” Се сомневаше дека Ема Ендековска е уфрлена во нашата група.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Сега кога нашата група веќе има објавено четири-пет книги, по десетгодишното постоење станува појасно во која насока се развиваме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Слободни сме да ги користиме ознаките на различни начини, но нашата група на термини е детерминирана исто како и фонемите од нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Често знаеше да биде водич на нашата група.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Мене ми е многу мило дека сум бабин убав, бабино сонце, машко на баба - и кутре, и пиле, и маче, и зајаче, и билбилче и сѐ можно и неможно - ама ми пречи дека премногу се грижи за мене и тие милосливи зборови ми ги кажува и пред другарите, па Љупчо, водачот на нашата група, ми се потсмева - бабино галениче.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Формулата на Шефот во случајот на полицајката беше едноставна: Ема, заедно со Нинослав, ќе го води префрлањето на Илона, а специјална екипа што тој ќе ја испрати таа ноќ на граничниот премин Табановце, неколку часа откако Чехињата ќе биде пропуштена без да се евидентира во системот за гранична контрола, ќе открие злоупотреба на службената должност на полицаецот Јованче Крстов кој својата улога во нашата група дотогаш си ја извршуваше беспрекорно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)