наш (прид.) - грижа (имн.)

Срцето не и издржа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Неговите зборови ги протолкував како еден вид нецелосно прифаќање на книгата, но тој тоа го забележа и веднаш продолжи: Ракописот до неговото објавување ќе биде под наша грижа!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
- Нема да се вратам дома, рече мајка ни.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Кога им ја оставив. Кога им ја доверив. Рекоа ...сега е наша грижа... Убаво се погрижија!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Отсега натаму, отворањето ќе биде само наша грижа. Можете да си одите.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Сега е наша грижа... така ми рече една од сестрите.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)