наш (прид.) - грб (имн.)

А со умот си велеше: „Чекај, агачко, да видиш како се кршат остените од нашите грбови. Не ќе ти текне уште еднаш да ги погледаш, а не да ги кршиш од нас".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште на наш грб перат миљонче.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ќе нè обвинат дека сосила сме ја одвлекле и ќе кршат погача преку наш грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Е, тој клуч, беа бункерите кои требаше да им го заградат патот на тенковите и на добро обучените јуришни единици на владината војска за да не го фатат патот што би ги однел зад нашиот грб.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Тогаш оние шестмина се од нејзиното село.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мислам дека тоа што го пренеле од туѓо и сами го измислиле за мачење, го испробале прво врз нашиот грб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Противникот не смее да излезе зад наш грб. Наредувам: одбрана до последен. На извршување!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)