наш (прид.) - градина (имн.)

За последна станица седнувавме врз скалите или врз камењата, веднаш до портата на нашата градина...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тука кај што поминуваа големите скали, кај што се издигнуваше пристаништето, скоро под нашите прозорци...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Границата требаше да мине и низ нашата градина и низ семејниот праг, бел мермерен камен, донесен од блискиот медитерански, римски пат Виа Егнација, на чиј еден дел крај езерото предци од семејството биле некогашни чувари.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но кога со врел скок летото рипна во нашата градина, тревата почна да жолтее, а земјата да се суши. Растенијата беа жедни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пролетта веќе убаво зачекори и во нашата градина.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
9. Во нашата градина растат кокичиња и паѓаат лисјата од дрвјата, истовремено.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Чудна беше и семоќна пролетта во нашата градина!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)