наш (прид.) - град (имн.)

Ние сме, во нашиот град, најмногу погодени од козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На сликите им даваше посебно значење, зашто еден ден ќе им ги покаже на челниците од нашиот град.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој си спомнуваше за козите што шетале по римскиот форум, па затоа се залагаше и во нашиот град козите да шетаат слободно, да се здобијат со козји права.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Тогаш ќе видите како е распеан нашиот град! Догледање!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ЛОКАЛНА СЦЕНА Seth Tobocman 76 Margina #22 [1995] | okno.mk Во Локалната сцена најнапред го имаме скулпторот од Скопје, Ибрахим Беди (36), еден, така, лирски и метафизички дух кој знае прилично работи, посебно за оние јазолни мултикултурни точки на нашиот град, а бидејќи ние сме, се разбира, мебиусовски маргини врз кои миговно фрчат разлики/рабови, за нас Беди е благодарен соговорник.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Светот доаѓа во нашиот град; и ако повремено грешиме, правиме најдобро што можеме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ние, нашето семејство и семејството на нашето семејство, нашето училиште, нашата црква, нашиот град и нашата земја, нашата телевизија и филџанот за кафе и уметничката комода, и нашата тетка Џеси, се реални: и тоа е тоа; можеме да си веруваме едни на други: и имаме исполнет живот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во нашиот град наречен Република Македонија (и кој во себе негува благи тенденции на отцепување од здодевната држава Скопје) веќе подолго време, во смисла на денови, постои една група луѓе (прошарана тука и таму со пар цицачи, аквариумски риби и неколку собни растенија комплет со саксиите) собрана околу тајното здружение во формирање - АРТ ИДИОТ.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Тоа не значи дека сите позначајни датуми од повеќевековната историја на нашиот град нема да ги сретнеме низ страниците на оваа книга, туку дека тие, ако ги има, тогаш се во функција на книжевно - уметничката вистина и ги задоволуваат основните критериуми на книжевниот облик - расказот. 48 okno.mk Поместените автори во изборот Скопски раскази не � припаѓаат на иста книжевна генерација, ниту пак, се со иста книжевна оријентација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во таа смисла, дали имате некаква помош од најгласниот застапник на „техно-уметноста“ во нашиот град, Сорос центарот за современи уметности?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нас нѐ возбудуваше тоа што бродот го носи името на нашиот град.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Тоа е Железара, глупчо. Скопиле е нашиот град. Водно е над. Убавото, зад.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Зошто да не послуша човек малу музика, се правдаат пред жените и божем протестираат, - па што има друго во ова наше гратче?...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И ние, дојдени од различни места, го ружиме и, во исто време, го разубавуваме и подмладуваме овој град. Овој наш град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Наш град, кој ни ги отвори широко портите и не пушти во својот храм, каде што виталните стануваат негови миленици и жреци, додека другите исчезнуваат и пред да ја сетат животворноста на неговата молитва...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Како што добро укажа уважениот директор друга­рот А. А., нашата сталинистичка држава, на чело со непо­грешливата партија, во борбата против религијата во на­ша­та пролетерска земја, најголеми проблеми имаше со католичкото свештенство и верниците и тоа токму во нашиот град Скадар каде што мораше да се постави на­шиот светол Атеистички музеј.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Весна си дојде од училиште. Уште од вратата извика: - Тато, во нашиот град е донесен камен од Месечината.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Но, неговиот циркус никогаш веќе не се врати во нашиот град.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На курсевите на Браун универзитетот, низ некаков тип на колективна игра, дефинирани се следните жанрови на оваа литература која сѐ уште е во развој: географски втемеленото раскажување (како: “нашиот град”); “одберете ја сопствената авантура”; пародии на класиците; просторни поеми; интерактивна комедија; метаморфични соништа;нерешени тајни на убиства; подвижни комични книги, итн. okno.mk | Margina #1 [1994] 71
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа страшно што ги снајде жителите од нашиот град беше толку многу присутно насекаде наоколу... во нерасчистените урнатини, во луѓето облечени во црно, во изразите на лицата...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во расказите на Михаил Ренџов тие го заземаат онаа вистинско и истакнато место кое го заземале (само со обратно значење на придавките) на улиците на нашите градови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И тој лик на несреќница која се влече по улиците, а никој не знае од што, каде и како живее, добро ни е познат од божјачката историја на нашите градови.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Едно лето се пренесе глас дека во нашиот град ќе дојде умен и учен човек, уважен гостин од една далечна земја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Му се вдена в лице на класниот раководител и отсечно му рече дека ќе ме казни со тоа што ќе ме отпише од гимназијата во нашиот град и ќе ме запише во некоја каде петли не пеат, каде зора не зазорува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Сиот Израел, нашите родени браќа нѐ поразиле кај Гибеја, за потем да поништат сѐ – жени, деца, старци, по сите наши градови и села, се водени од желбата за освета, за крв“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И децата му се радуваа на тоа градинче што го создадоа на еден балкон од една голема зграда, какви што ги има многу во нашиот град, зграда со многу прозорци, врати, балкони и скали, но во коишто живеат многу деца - што сакаат цветни градинки, пчелки и пеперуги.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
ГРАДИНЧЕ Во една голема зграда, таква какви што има многу во нашиот град, зграда со многу прозорци, врати, балкони и скали, таму некаде на еден од трите катови живееја едно братче и едно сестриче.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Кон тематот за “Дом” се 57СКОПСКИ надоврзуваат расказите за нашиот град.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Така уште некаде во четири наутро ќе почнеше програмски потсетник на денот кога храбрите партизани го ослободија нашиот град.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
- А вие млада госпоѓице, - Саво беше тој што го започна разговорот со Ивона - како ви се допаѓа нашиот град?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Време е и ти Ѓорѓе да го запознаеш нашиот град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И нашите градови впрочем едвај, во духовна смисла, можат да се наречат градови. »» Мнозина „избегани“ ги наведуваат политичките и националните притисоци како причини за своето заминување. Вие инсистирате на цивилизациски причини. 44 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Духот на дувлото, племенскиот и патријархален менталитет, поддржани со силата, ја одредуваа, ја одредуваат и уште долго ќе ја уредуваат духовната клима на нашите градови.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
- Знаеш утре е балот на гардата во нашиот град, па јас... знаеш мене ми треба нешто како партнер за матура.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Тоа не прави некоја голема разлика, балот на гардата е најбитен настан во земјата и во нашиот град.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Може, ама тоа не е наш приоритет. Ние сме сепак Секретаријат за информирање на градот, што значи локален орган и главна цел ќе ни биде афирмирање на подобрувањето на условите за живеење во нашиот град, пресече Тодор.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Прво на еден гардиски капетан, а тој потоа со кола доаѓа до нашиот град и ѝ го предава на да, добро претпостави нашата колешка Александра.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Никако не можам да сфатам, како по неговото заплашување, за кое знаеја сите, како по ова можеле да му одобрат, да се врати во нашиот град!?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Ти знаеш дека многу девојки од нашиот град, од поблиските и подалечни пријатели, би биле среќни кога би сакал да се ожениш со нив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Тој добро знаеше дека, кога пламна грчко-италијанската војна и се пренесе до нашиот град крај Езерото, дали беше тоа прст на судбината, што ли ќе беше тоа чудо, на Мајка да ѝ оживеат и грчкиот и италијанскиот јазик, да ѝ помогнат да си ги спаси чедата од војната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една долга зима, напаѓа еден од најголемите снегови кој засекогаш остана запаметен во нашиот град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти тогаш го водеше Друштвото на жените од нашиот град.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Тоа е нашиот град. на кејот, крај каменот мост.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тоа беше бродот на мојот татко што минуваше над нашиот град, гратчето кадешто вселенските ракети никогаш не доаѓаа, и ние ќе лежевме будни следните два часа, размислувајќи.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Молчи, будала! Тој јаде луѓе патувајќи сам од нашиот град до следниот!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зјапаше во рацете. „Откако атомската бомба ќе падне врз нашиот град, ќе се огласи радиото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека живеев во нашиот град судбината на братучедот Благоја ми се укажуваше на секој чекор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај сватив дека се приближувам кон мислата на слепиот учител, од нашето гратче во провинцијата дека за наша среќа и недоразбирањата можат да бидат корисни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај сметав дека е неодговорно и тоа во деновите кога си заминував од нашиот град да пројавувам вакви или слични амбиции.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тие денови, или поточно набрзо по доаѓањето на Белогардејците во нашиот град, овдешната армија издала наредба да се примат од редовите на руските офицери повеќе инструктори кои ќе им помагаат на српските офицери во обучувањето на војниците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Букварот, велат, ќе ги обедини, ќе ги освести и заедно сите ќе се кренат да се борат, и Грција склучува договор со Турција и ги враќа Грците од Мала Азија, сите ги населува во нашите градови, а македонските Помаци ги иселува во Турција, ти ја земаат земјата сосе гробови, а без гробови немаш ни роднини, нивните војници со убиства се фалат во писмата: кој колку Македонци убил, се натпреваруваат во убиствата и затоа добиваат наградни отсуства и нешто друго добиваат,
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По нашите градои, фабрики, села, далеку одовде до Јадранско море, ден нека се слави, Републико мила, глас нека се чуе до небото горе!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
„Мислам, би требало некои делови да ви ги прочитам: - Во нашиот град ниту загрижените еколози, ниту посебно ангажираните работници на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ не можат да ги отстранат и исчистат ѓубриштето и дивите депонии што никнуваат насекаде низ градот, во неговата околина и покрај јавните патишта.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ние запишувавме сè што веќе се знаеше за нашиот град и го подредивме материјалот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Писмото го завршуваат вака: - Низ целата година ќе ги подржуваме еко активностите, со цел да ја разбудиме свеста кај загадувачите, па конечно да превземат мерки за заштита на локалната средина, зашто тоа е еден од најважните услови за еден здрав живот во нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На состаноците на училишната еколошка секција велиме дека кога ќе пораснеме, кога ќе се вработиме, па и ќе дојдеме на раководни места - ќе се грижиме нашиот град да биде нормално чист - да го смени ликот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ако се екологисти, одлично! На брзина и јас нешто да им речам: оваа рак - рана на нашиот град мора свесно и трпеливо да се лекува.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ви го праќаме овој писмен состав, а со цел да ви ги дополни знаењата за нашиот град.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Велес: деца и млади, и граѓани - пред Топилницата за олово и цинк - Не сакаме облаци од чад над нашиот град!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Овој манастир беше и еден вид светилиште на балканскиот егзил на семејството, кога ја гледаме родната земја, нашиот град со голо око или со дурбин.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во нашиот град заради нешто децата се обеспокоени.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во нашиот град, врз покрив и праг, натежнал страшен и невиден мрак.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Еднаш во ноќта Во нашиот град, во нашиот град - светлосните реклами побарале пат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Во нашиот град, навистина, една за друга се фатиле светлосните реклами и побарале пат, и никој не знаел каде се упатиле.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
1 Зад последните куќи на нашиот град, сред бавчите, покрај два реда вити тополи, што стојат високо исправени крај јазот има една голема сламена колиба, во која што сега никој не живее.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Со тоа нашиот град ќе биде посиромашен за едно дрво, за една сенка, за една ладовина, за некое птичје гнездо и не знам за колку кислород што тоа дрво би го создавало кога би се развивало, кога би пораснало!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ајде да тргнеме по улиците на нашиот град! Ајде да гледаме!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Весна си дојде од училиште. Уште од вратата извика: - Тато, во нашиот град е донесен камен од Месечината.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)