наш (прид.) - гостин (имн.)

Носи физиономија на Балканец па го чувствувам и поблизок.  „Вашиот претседател”, ми рече откако седнавме, „требаше неодамна да биде наш гостин на отворањето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нека знае нашиот гостин дека отсекогаш сме биле земја на длабоки бездни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Наградата за најдобра песна, - се јави гласот на конферансието - оди во рацете на нашата гостинка од Белград, Ивона Радиќ .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Ха, ха, ха! Ха, ха, ха! Хо, хо, хо!“ , гласно се смееше нашиот гостин, видно развеселен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неуморно, мирно, како по должност, гаснеше секаков восхит во очите и на лицата на нашите гости.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со нескриени симпатии констатиравме, дека токму Данило Киш беше еден од оние исклучителни писатели кој локалната, југословенска книжевност, ја направи светска.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со восхит и нова надеж го напуштаме овој состанок, на кој овластените ѕвезди на нашиот PEN, тие мајстори на вдахновениот консензус, му покажаа на Енценсбергер дека Запад површински размислува, а дека Србите длабински си вообразуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Макар што разговорот забрзано се доближуваше до крајот, не можевме да му одолееме на искушението да го соочиме нашиот гостин со полемичката теза за глобалниот распад на големиот бран на критичка мисла во Европа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)