наш (прид.) - глава (имн.)

Нашите глави не разбираат; ние сме Бугари.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прскаат од него милиони искри во зазорените патишта над планината, го цепат воздухот над нашите глави и само погледите сега го следат ова нивно преселување во највисоките височини, во недогледните далечини, тајно - бескрано.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Но, толку себично човекот го брани сопственото срце, очајнички обид да го оживееме, да го почувствуваме пулсот и мирисот на животот и едно среќно, искрено и едно вљубување, како балдахин над нашите глави.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сите тие прашања, создаваат конфузија во нашите глави. што ако не воскреснал и бил само обичен смртник.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Иронијата е во тоа што ништо не е така, освен во нашата глава.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сега кога помислувам на тие саботни кога возбудена одев кај чичко Раде со книги што сум ги прочитала во минатата недела, а се враќав со куп „нови“, непрочитани, ми се чини дека времето е низа реченици, кинливи како пајажина, кои можеш да ги поврзеш само со раскажување; ако не, метлата на заборавот ги чисти од нашата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Си мислиш и пресечената глава е нечија наша глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу тоа ѓубре и отпад во нашата глава во длабок сон лежат оковани нашата вистина и слобода, нашата невиност и човечко достоинство.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Жими ова златно сонце, Леме, ќе те спасам. (Господе, сивото, снежно небо, весело се отвора над нашите глави, се јавува зрак и таа мала светлина, победоносна, ни покажува дека е тоа пролетно време.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
За оној кој на астал ладен со ладна глава думи тешки над наши глави реди и клава, поплаки до емисари и конзули како отров за нашите души довикува.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави, слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
НАШЕТО ЗНАМЕ Развевај црвено знаме и легенди борбени плети, веј се над нашите глави - слободата нека ни свети.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сјајно е тоа како ги исфрлуваме - тие идеи создаваат нови, оние кои во почетокот воопшто не беа во нашата глава).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сите наши глави, ко зрна од грозд на една дршка. сите ние црпиме од дедовите и прадедовите жили... со омраза кон тој што сака да ни ги пресече корените, закоренети од дедо прадедо, од памти век!!!!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но не го постави, зашто над нашите глави профуча некаква птица, а Билјана мораше да ја види.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Само нашите глави уште не се сигурни, им велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)