Кога дојде Рајна во посета, се изненади, ти се покажа најголем традиционалист од сета наша генерација, што е ова сѐ штиркано, сѐ мраз пеглано, а само за еден човек, заслужува ли оној суртук такво нешто, знам, знам, сега ќе подзамижиш и ќе речеш, е па на некој начин и заслужува, колку убаво ме љуби, ха, ха!
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
ВТОРАТА ЖЕНА: Мислам дека одбивноста почна да се создава уште кај нашата генерација.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Прекрасно, сине, книгата Духот на законите, во 1734 година, близу сто и повеќе години, ќе ги оживее своите значења за нашата генерација со Мустафа Кемал на чело, првин во гимназиските клупи во Воената гимназија во Битола во 1900 година, а потоа и во Анкара пред прогласувањето на нашата Република Турција...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Хенри Ирвинг, според Лоренс Оливие, е едно од четирите актерски имиња кои ја предале Шекспировата мантија на нашата генерација.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)