наш (прид.) - време (имн.)

Деструкциската уметност обврзува на критички согледби за прашањето на исчезнувањето. Jean-Francois Lyotard се бави со проблемот на исчезнување во својата книга Хајдегер и ‘евреите’, во којашто ја скова фразата „Заборавени“ за да ги означи оние услови што не се ниту „концепт ниту претставување, туку ‘факти’ како Factum (Кант)“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструкцијата е посредник и процес на исчезнување во нашето време, времето на „Заборавени“, „евреи“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Бев многу возбудена кога го читав овој роман, кој сведочи не само за големината на еден писател, туку и уште за една благородност, за една голема душа која малку се сретнува во нашето време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На козарите им се враќаше самодовербата, па и овие кози и козарите насетуваа оти еден ден ќе се најдат пред волците на нашето време, но не помислуваа на пораз. ...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше утврден денот „Д” за конечно пресметување со Чанга и со неговите кози, со сите кози на градот, со си­те кози на нашето време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А не можевме ни насоне да претпоставиме дека тоа е последната зима од нашето време со козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во случајот на Monty Cantsin или Dr. Ackerman, меѓутоа, се работи за едновремено разложување на личностите, за една чиста мултишизофренија, бидејќи тие се личности од нашето време, само што истовремено се идентификуваат со повеќе измислени или стварни ликови и на тој начин поинтензивно и позасилено го проживуваат околу нив поминувачкиот живот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во нашево време - тоа е нормалност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бидејќи веќе не е ни таму ни ваму, опседнат со сеништето на убиеното сопствено јас, не е никакво чудо тоа што човекот на нашето време веќе не може без другите, а колку што повеќе на нив се навикнува, толку е понезадоволен, поосамен.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Страотните општествени реалности на нашето време се духови, сеништа на убиените богови и на нашата сопствена човечност, коишто се свртеле против нас за да нѐ опседнуваат и уништуваат. Црнци, Евреи, Црвени. Тие.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Средбата со уметниците и писателите - пред сѐ со нивните дела - треба да ни го овозможи заклучокот за тоа што стои во "суштината" на овој исконски гест, што стои во поривот да се отфрли класичното токму на крстосниците, на почетокот на новиот век или во нашево време.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дека знаењето за тоа како функционира мозокот е најзначајното научно прашање на нашето време.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Овој љубопитен, ведар, непослушен мал човек, со својата остра метла од бела коса, со своето руменило, со своето пелтечење и нервозните тикови, со својата страст, со својата насмевка и нежната духовитост, е најпрофесионалниот и најнадарениот волшебник на уметноста на нашето време.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Дендизмот - со неговата теорија и пракса - не е туѓ на трендот на уметноста на однесувањето, како и на традицијата на случувањето: прослава на мигот, впишување на психичкиот или дијалектичкиот акт во својата строга актуелност, практика врзана само за нашето време, неподложна на конвенцијата и на потписот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сега вие гледате - и не бидете изненадени ако барајќи ја загубената нитка го пронајдете Загубениот акорд, Загубената генерација или Загубениот баталјон од Првата светска војна, десетте изгубени племиња на Израел (коишто во своите ранци ги носат двете загубени книги на првобитното Седмокнижие), загубениот континент Атлантида, Луј XVII (Загубениот дофен) од Франција, илјадниците исчезнати од латиноамериканските диктатури на нашето време, делата од класичното доба изгубени во христијанскиот мрачен Среден век, загубените ремек дела од уметноста и науката коишто веројатно би ги произвеле жртвите на нацистичкиот холокауст, загубените градови во Африка, разните загубени илузии, прилики и цели, загубената младост и сон, загубените уметности и јазици, загубеното време кое никогаш нема да биде повратено или надокнадено, целиот восок којшто Бенвенуто Челини го изгуби додека излеваше накит според методата која се вика cire perdue, а на што вашиот автор без пиетет се сеќава секогаш кога ќе ги здогледа рекламите за производите на живинарскиот концерн од Мериленд, „Франк Перду“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Кај отиде светов бе, у наше време беше сто пати поарно него сега.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Али сега, мили моми, нека ви прикажа прикаски од наше време... Слушајте, девојки! ***
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Неле'е било, како в наше време, наша доба?
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Наместо античката филозофска претстава за космополис, нашето време предвидува застрашувачки химери на современиот “екуменополис” во којшто ќе се слеат милијарди жители.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Способноста за промена и за релација кон Другиот стануваат основни културни начела на нашето време. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 12 додаток: БЕТМЕН Подрумот на Бетменовата куќа, тоа раскошно електронско црнило, е инвагинарен џеб.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
ХАОС 77 Јан Персивал 80 Флусер - Интервју 87 Беноа Манделбро 94 Теоријата на хаосот е една од најфасцинантните и највлијателни ЖАН ЖЕНЕ 103 научни и културни парадигми на Увод - Албер Диши104 нашето време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А што е за вас трагично во нашево време?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во нашево време, кога старите „пролетери“ станаа малограѓани (а лумпенпролетерите главно се исклучени од политичката сцена) фашизмот на утрешнината ќе ја најде својата публика во тоа ново мнозинство.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Откаде тоа? Оттаму што Swatch е навистина уметност, производ на нашето време.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иднината на радиото Секоја година во септември вработените и соработниците на „американската радио-индустрија“, коишто се поврзани во здружението The National Association of Broadcasteres (NAB) се состануваат за да си ги разменат искуствата и да најдат одговори на прашањата што ги поставуваат развојот на медиите, технологијата и проме­ните на пазарот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мислењата за значењето и вредноста на неговата работа секогаш беа поделени, од поддршка полна со ентузијазам до неги­рање и отповикување на тие вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тие не бараат одговор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, гледано од агол на ситуацијата во која настана и имајќи ги во вид промените кои на него ги изврши, Кејџовото дело е пример на совршена музика par exellence, музика На нашето и За нашето време. извор: Миша Савиќ, Џон Кејџ, СИЦ,1981. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 179 М еѓу писмата кои не ги фрлам кога ја прегледувам мојата пошта, во намера да отфрлам што повеќе, се и писмата кои ми ги пра­ ќа Нам Џун Пајк.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Часовникот што бил купен за дваесетина долари денес чини 2 000, што значи дека имаат третман на уметнички предмети.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Или јас да те видам, јунакот на нашето време.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Јас, откако знам за себе не сум пропуштил ,па било во турско, во бугарско, во српско и во наше време.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во филмот Готвачот, Крадецот, Неговата Жена и Нејзиниот Љубовник таквата трагедија е пренесена во нашето време, со посебно внимание за сите аспекти на човечката телесност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На истиот начин на кој нараторот се повикува на татковиот пример, кога неговите противници се советуваат со „Централата”, таму каде што заседава грозниот Минотаур на нашето време.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Вие не можете комплетно да ја напуштите нацијата како идеја или како политичка структура, но можете да ги обелодените нејзините историски ограничувања за нашето време.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во секој случај, си има особени предности проучувањето на некој класик – на канонско дело што не е од нашево време.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А дури и да немаме инстинктивно сознание за тоа што им значела Џоан Крафорд на геј-мажите од претходните ери, барем ја имаме привилегијата да можеме да се извадиме од гравитациското поле на нејзината силна привлечност и да размислиме за природата на таа нејзина привлечност на релативно незасегнат и непристрастен начин – спокојно, љубопитно и од редица можни стојалишта – што значи дека ни е полесно да коваме критички метајазик на кој ќе зборуваме за тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мораше да се повикам на убаво документиран пример за емотивната внесеност на геј-мажите во избраните парчиња од главнотековната култура, дури и ако тоа значеше бирање нешто старомодно и не многу актуелно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, требаше да си изберам воспоставен и неконтроверзен пример за културните практики на геј-мажите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не јаде времето и паметењето полека се брише, а треба, велам, да остане запаметено и запишано тоа време, тоа наше време... ________________ 40 Види: види мемоари на Д.Вландас
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа беше наше време, наша мака, наше страдање, наше верување, наш пораз...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш, да речеме во наше време, тука имаше вратиче опковано со четири редови бодликава жица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
ТИМОТИ ЛИРИ На 31 мај годинава почина една од најхаризматичните личности на модерното доба, единствениот човек во 20-иот век кој успеа да стане поп-икона за неколку генерации (дедовци-баби, татковци-мајки, синови-ќерки), име коешто во иднина веројатно ќе биде синоним за нашето време (крај на векот) - ТИМОТИ ЛИРИ. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 25
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во Маргина веќе во два наврати го претставивме Лири (бр. 17-18 и 21), а овојпат се решивме за едно покомплексно претставување на текстовите на Тимоти Лири.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Такво беше нашето време, времето во кое израснавме, а Сара, Клара и јас знаевме многу повеќе од повеќето наши врснички – понекогаш ѕирнувавме во некои од медицинските книги на таткото на Сара, понекогаш ќе наслушневме нешто во салонот на Берта, понекогаш Клара ни пренесуваше нешто што ќе дознаеше од Густав, или од жените на кои им помагаше да се снајдат во животните невољи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Честопати мислев на светот и времето кога бевме девојки, мислев кога веќе одамна не бевме девојки; мислев на девојките на нашето време, за кои Клара велеше дека конечно треба да се ослободат, девојките за кои мојата мајка велеше дека местото им е во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние бевме првата генерација девојки родени по настанувањето на зборот “сексуалност” во 1859 година, ние бевме девојки во она време кога интимниот однос помеѓу машкото и женското тело некои го нарекуваа ”телесен чин”, други - “венеричен чин”, трети - “нагон за расплодување”, и тоа физичко соединување на двата пола беше исчекувано со идеализирање, но беше сфаќано и како деградација, а понекогаш за исто суштество беше и едното и другото: од тоа соединување на двете тела се очекуваше воздигнување на душата во некои небесни сфери, но и се гледаше на него како на некаква животинска активност која ја валка душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се молчеше насекаде за сѐ што беше поврзано со тој тукушто пронајден збор “сексуалност” – се молчеше во училиштата, црквите и синагогите, се молчеше дома, во салоните и на плоштадите, молчеа весниците и книгите; а како покривање на тој збор служеа и алиштата кои криеја сѐ од прстите на нозете до вратот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дознававме и дека тоа исто време носи во себе и еден поинаков свет од оној за кој отворено се зборуваше и кој можеше да се види преку ден – зад премолчувањето на сексуалноста се криеше неискреност и хипокризија. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше нашето време, времето на молк за телесноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сити сме и од тескобите и од тешкото време, особено во ова наше време. Затоа, пријателе, те молиме да ни ги ископаш очите зашто веќе не е за гледање, не е за слушање.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Со неа и на неа си умре Сане Сандин, што од јад што од глад, на наши очи, без пензија, зашто не плаќал пензиско ни во српско, ни во бугарско, ни во наше време, зашто не го знаел законот Сане Сандин, наречен Сане Амалино.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Него го употребуваше и МНЛД и Македонската колонија во Петроград, а во наше време го прифатија и истакнати слависти.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мислам дека сите ние подеднакво го имаме чувството на несоодветство на времето што си минува и нашето време – рече татко ти – Ни се чини дека вчера замина, како да е само еден ден отсутен, а сѐ околу нас го тврди сосема спротивното – дека долго го нема.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во него, тој ќе напише дека Држиќ, токму во нашево време станал „личност за која покажуваат жив интерес не само стручњаците-историчарите на книжевноста, туку... го осмислуваат во своите творби и разни уметници: писатели, музичари, скулптори...
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Никогаш како во наше време делото на Држиќ не било толку присутно и кај широките читателски кругови и кај гледачите по разните театри...“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Една од понеобичните појави на нашето време се случи можеби по 1950-та кога денешните “модерни”, забележувајќи ја опасноста да “заглават” во слепата улица на простата сегашност, почнаа во недвосмислено креативна смисла насекаде да ги бараат своите “прататковци”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Младиот човек на нашето време треба да биде истото што и морската труба: преземајќи ги зборовите од еден крај, веднаш да ги пренесува на другиот; колку што посмешно умее да прераскажува, толку повеќе памет му припишуваат.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Труди се да го заслужиш и ќе бидеш награден; но, немој да бидеш низок и да се шегуваш okno.mk 121 со она, што навистина е достојно за исмевање - тоа е знак на слабата фантазија, ако младиот човек им се смее само на смешните луѓе или работи; остроумникот на нашето време треба да го одбегнува тоа и да си го остри јазикот на сметка на почитуваните луѓе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Таквата “поврзаност” речиси исчезнува во криминалистичките романи на нашето време.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Маниризмот околу 1600-та не само што не ја беше напуштил врзаноста со религијата (колку и таа да беше доведена во прашање); тој се развиваше во однос на одредени искази на минатото, во однос на Александрија, на Хадриановиот Рим, на маниристичката литература од средниот век.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
7. Чувај се да не бидеш скромен инаку ќе наведеш на мисла дека нема што да речеш, а тоа е голем недостаток.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кој толку зборува, тој не може да биде будала: ете ја определбата на помодното општество.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Само нешто мора да се разликува во ова споредување: двократното лице на нашите предци ги содржеше остатоците од “митското” наследство; барем сè уште претставуваше “амблем” за “кршливоста” на времето, за ситуацијата на премин од “вчера и денес”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Ами, кога помина она време, вели Стојна Ресулоска, кога помина нашето време?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- „Така си е тоа. Вие сте како и сите ние. Кога ќе помислам дека глупаците тврдат оти на нашево време му недостасува поезија – небаре тоа нема свои надреалисти, свои пророци, свои филмски ѕвезди и диктатори!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Каде ли го чув тоа за поетот кој не можел да сака ниедна жена затоа што во некое друго време ја сретнал Антигона? Тоа ми се допаѓа...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Извонредната методолошка самосвест, философската дистанцираност, усетот за правење значајни терминолошки дистинкции, богатството од обработена литература и цврстото аргументирање на сопствените тези се главни одлики на ова дело кое далеку го надминува нивото на еден магистерски труд.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Со неколкуте провокативни тези (особено за вината и судбината на идеологијата) кои се во дослух со горливите прашања на нашето време, оваа книга предизвикува вистинско освежување на по малку заморената македонска теориска сцена.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Празни ѕидови, празен албум од нашето време... и малкуте спомени се губат, бледнееат...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Од почеток Исчезнувам и пак се појавувам, и бројам, Во секој ден го бројам нашето време, движењата на усните твоите зборови, мислите, миговите на спокој, ми го смируваат исчезнувањето, така ми е полесно.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Со целото свое битие чувствуваме дека уметноста на нашето време веќе не е во надлежност на какви било компетентни лица или организации, какви било ограничени дискурси.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ми се наложија првин судбините на неприкосновените Картагинци какви што беа врховниот водач на Тунис Хабиб Бургиба, палестинскиот водач Јасер Арафат, потоа во Франција претседателите на републиката Франсоа Митеран, претседателот на францускиот парламент Филип Сеген, претседателот на Република Франција Жак Ширак, премиерите на Франција - Ален Жипе и Лионел Жоспен, португалскиот харизматичен претседател Марио Суареш, големите умови на нашето време - Едгар Морен, Морис Друон и други, крај чии животи епизодно ме доближи и мојата дипломатска мисија ***
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Армијата е нација во нацијата: таа е порок на нашето време !, запрев на една мисла на Вињи, кога високиот офицер со босанско, муслиманско презиме на иќ задоволно го завршуваше предавањето, покажувајќи ја моќта на нашата одбранбена стратегија и немоќта на западниот империјализам да нѐ загрози преку Јадранското Море!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И затоа јаничаризмот заврши, опстана јаничарството, со сите метаморфози и приспособувања сѐ до нашите времиња, а сигурно ќе продолжи и во иднина продолжи Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во наше време, тие воопшто не војуваат едни против други.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сите верувања, навики, вкусови, чувства, ментални ставови што го карактеризираат нашето време се дизајнирани всушност за да ја одржат мистичноста на Партијата и да го спречат согледувањето на вистинската природа на денешното општество.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Или, во нашево време на “пост-култура”, на проширените медии, во кое медиите се култура, промоцискиот критичар веројатно ќе биде “објективен” известувач кој манипулира со факти за да остави соодветен впечаток.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не цело време. Можеби третина од нашето време.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
СТРИКО КОЉО: Сметка правиш? Во наше време повеќе на рабуш се бележеше.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Моди нека губат, душат В наше време, в наши дни.
„Пeсни“ од Рајко Жинзифов (1863)
Таа ќе го погледнеше сина си и ќе му речеше: – Сине, премил на Мајка, па зар границата не ни го подели нашето време, нашата среќа, нашата судбина?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Токму тоа: времето. И нашето време. Времето коешто ни го украдоа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еј пусти наши времиња!
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ваквиот тип на визионери кои ги антиципираат грешките на човекот, им се противставуваат и се стремат да ги коригираат, остануваат, да позајмиме еден наслов од Лермонтов Херои на нашето време.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не беше подобро ни во наше време.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Се сеќаваш ли, Мањушка, на еден филм од наше време,со инвазија на црвени мравки? - Како да не. „Марабунта“. - Е да, „Марабуната“. Умиравме од страв во салата...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тргнав да го подигнам југовинилот, кога цел рој се дигна во воздух. Начисто се исплашив.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мојот познајник, Самоников - мислам дека се насмевнав (за малку и Катерина да ја прашам дали забележала некои промени на моето лице) - мојот познајник Самоников да беше случајно фараон или некоја слична фаца веројатно ќе мораа и неговите љубовници и метреси да го придружуваат на ова негово големо патување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Верувам дека се согласуваш - реков, и веднаш продолжив - тој е сега патник: нè слуша, нè гледа, иако никогаш веќе нема да се врати, барем овде, на патеките на нашето време.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Современото мислење и осетливоста при регистрирањето на пулсот на нашето време останаа и понатаму негови истакнати одлики, но неговото двоумење помеѓу крајните луцидни увиди и понекогаш крајно детските, искрени и погрешни процени или пусти желби, сега се смирени со пообразложен и посеопфатен начин на мислење.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На лицата до наредното утро ќе ни се појават нови брчки, сведоци на нашето време.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Жил Верн во наше време!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„ЗАЛУДНО РАБОТИ - ЗАЛУДНО НЕ СЕДИ“ Ајде да видиме на што нѐ учи оваа народна поговорка и зошто некогаш некој мудар човек од народот ја изрекол па останала до наше време да се изречува и да нѐ подучува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
И сериозно да размислиме за нашето време што не ни проштева кога го губиме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во тоа наше време никој немаше саат.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)