наш (прид.) - враќање (имн.)

Но татковата мисла ниту во еден момент не нѐ оддалечуваше од нашата родна земја, од нашето минато, од нашето враќање. Напротив!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најпосле, херојот на нашето враќање беше повторно со нас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Утринава зготвив телешка чорба,“ рече мајка кога го пречекоривме прагот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Забелешка: треба што подетално да се објасни случајот кога обајцата здогледавме некои црвени дрвја немоќни да прозбориме свесни дека црвените дрвја се зборот кој го означува раѓањето на овој културно- историски споменик под заштита на државата дека црвените дрвја се знак за нашето враќање во петтиот век и дека го разбираме јазикот на тоа време.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Додека се враќавме со мајка кон нашиот дом, се сетив на оние години од раснењето, кога се имав отуѓено од Зигмунд, и кога од дома излегував само со неа – чекоревме една покрај друга до пазарот, или до продавницата на татко, и нешто во ова наше враќање дома ме потсети на тие наши прошетки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)