наш (прид.) - врати (имн.)

Мајка сега сакаше да разбере зошто за Татко беше толку значајно да опстане патот на јагулите: дали заради нивното следење на патот кон Америка, или дали за нашето враќање преку границата во родната куќа, крај Езерото?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Меѓу знаците на нашето враќање, Со вили како со огнени крстови Стојат мажите и жените го воспејуваат својот иден плод.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не е важно која беше процедурата на нашето враќање и враќањето на нашата кола (љубезниот британски моторциклист до автопатот; уште пољубезното арапско семејство кое излегло да се повози последниот ден од рамазанот, до Тангер со еден пар средовечни јенки туристи; следниот ден, љубезниот возач од агенцијата за изнајмување коли кој доби добра напојница и, се разбира, имаше дупликат од клучевите; сигурниот чувар на плажата, кој со болно достоинство му објасни на возачот дека мојата напојница од осум дирхеми не е соодветна на тоа што тој „цела ноќ” го чувал нашето сега веќе отклучано комби, но дека уште два дирхеми ќе ја суредат работата); поентата на оваа анегдота со загубениот клуч, на која во меѓувреме едвај и да помислив, сѐ додека оваа дигресија со која купувам време не ја врати, е што...
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
А времето за нашето враќање стануваше се подолго.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
А Мајка ја носеше и врската клучеви, клучевите на нашето враќање, клучевите на нашата пуста надеж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)