Јас пак, како ретко кога, ги чувствував полните гради, како да сум го нашол, како што бев прочитал кај Хадријан, резето кое нашата волја ја поврзува со нашата слобода.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Јас, тежок збор, што би рекол еден Андриќ, збор кој пред очите на оние пред кои е кажан, го определува нашето место, кобно и непроменливо, често далеку пред или зад она што ние го знаеме за себе, надвор од нашата волја и зад нашите сили.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Уште еднаш ме измами некоја сила од некој кој ние не му го знаеме местото и големината или некоја сила што и без наша волја се создава во нас и не фрла од кошмар во кошмар .
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Кај нив нашата волја има сили да се наложи.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Згора на сето тоа ова не го прават по наша вина а уште помалку по наша волја".
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Утрово штом се разбудив и седнав во креветот, си реков: И ноќта е подолга кога си сам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Така е со соништата. Доаѓаат и си одат наспроти нашите сфаќања и нашата волја.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но не би требало да е така и со привиденијата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Па сепак, во моменти на слабост, јас им се препуштав. Но сепак, не им верував!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Јурат значи размислите низ тие корита водени од некоја сила што не ѝ се покорува на нашата волја.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Секогаш постои некој сомнеж во поглед на вистинитоста на нашето задоволство и во поглед на барањата на нашата волја.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Само она што го немаме при рака пекаме по него: она кое, не по наша волја, ќе ни се измолкне од погледот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ако беше точно тоа, ако на цели народи им е дадена таквата способност, тоа ќе беше најголемиот грев на оној кој управува со нас луѓето и со нашата волја, па нека е тој господин и самиот Господ.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
А Ана постојано беше со мене. Како втора јас. Затоа и отсуствува од зборовите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сакам да му речам уште и дека вистината не брза да зајде иако секогаш не зависи од нашата волја.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Од каде ваквото чудно однесување на нашата волја?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Она што ќе се случи надвор од нашата волја и од нашата моќ тоа мора така и да биде, зарем не е така? праша некого мајка ми.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Мудрецот велеше: не жалај по минатото - не се враќа; сегашнината е само наша - но и таа одминува; за иднината не размислувај - не доаѓа по наша волја...
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)