Едниот постар, со бела коса и побелена брада, другите тројца помлади, неизбричени, со темни лица и подрасната коса, а петтиот беше момче на наша возраст.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Роза, Марие, Паулина и мене нѐ ставија во група од дваесетина жени на наша возраст, и такви грбави, расклатени во одот, со бастуми во рацете, со погледи кои се обидуваа да наѕрат нешто повеќе во просторот, нешто подалеку од неколку педи околу себе, нѐ поведоа до блиските бараки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој најмногу се интересираше за мојот велосипед и веќе си ја имаше ставено мојата капа на главата.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Полека, сите со чекори на диви мачки, кон нас се приближуваа десетина момчиња, кое на наша возраст, кое година-две поголемо.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Потоа сметам дека на нашата возраст, кога врската почнува да постои, најмногу ѝ одговара да не поставува услови и да не се оградува од проблеми кои можеби никогаш нема да се појават...
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Нѐ внесоа во една од нив - во долгата тесна просторија, во два реда, покрај ѕидовите, беа наредени стотина кревети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)