наш (прид.) - верува (имн.)

Само нашето верување во комунизмот е без илузија! – рече задоволно А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова можеше да означува само едно: да се биде нормален е нешто туѓо, изолирано и оставено да се снаоѓа само, како болест на која не можат да ѝ се најдат симптомите – неизлечива и по сите обиди да се подоздравее, налик на религиозно-осаменичка сооченост со божество кое не ни го потврдува нашето верување.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Драга Бреза, веројатно мајка ти ти раскажувала за нашето верување во реинкарнацијата и за животот по смртта.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа многу се интересираше за тие нешта кога беше во Индија и изрази голема желба да го запознае татко ми, кој живее во Кашмир, за да чуе од него како тој размислува на таа тема.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нивното полагање право на нашето верување се ослабува, нивната првовеликост се подрива кога се пародираат или кога се нагризуваат, исто како што се поткопуваат сексуалните и родовите идентитети кога се театрализираат, кога се прикажуваат како улоги, а не како суштини, кога се третираат како општествени изведби, наместо како природни идентитети, а со тоа и се лишуваат од тврдењето дека се сериозни и автентични, од нивното право на нашата морална, естетска и еротска верност. ‌Но, да се дереализираат хетеросексуалните или хетеронормативните општествени улоги и значења, да се раздрма нивното неприкосновено полагање право на сериозност и автентичност не значи да се сврши со нив и да им ја снема моќта.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Доминантните општествени улоги и значења не може да се уништат, ништо повеќе отколку што може да се уништи моќта на убавината, но може да се поткопаат и да се дереализираат: можеме да научиме како да не ги сфаќаме направо (“straight”).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа беше наше време, наша мака, наше страдање, наше верување, наш пораз...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И таквото наше верување некому многу му беше потребно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тој дел според нашето верување се криеше тајната на нашиот излез од Балканот, кодот на враќањето од егзил, фениксовиот код на нашето преживување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)