Дали само за тоа што беше повредена нашата верба и достоинството на борец викавме: - Смрт!!! - На бесилка!!! - На три метри под ѕид!!! Дали само за тоа ги баравме нивните глави?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сакам да го гледам светот од точката од која и Бог не гледа нас - тебе, мене, нашата верба, да зачекорам по чудото што станува вечно.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Верувам, да но моето кредо е она на скептик: И без, и со наша верба и со, и без наша помош некои нешта се, и ќе се.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Она што ќе го ветиме не знае кога да се преправа дека не нè препознава, кога смее да се повикува на нашето кусо паметење, а кога насмевката своја да ја пушти за да нè озарува со празнично славје Она што ќе го ветиме расте и по грмушките на нашиот заборав Како и гроздот на лозата кој не знае што да стори со листот што му го крие сонцето Она што ќе го ветиме не знае кога да ја прифати нерешителноста на нашата верба и нејзините забавени чекори а кога да се исплаши дека ќе остари со нас Каменот што случајно ме сретна во младоста (го фотографирав за да не го заборавам) го чував за да го соочам со песната што му ја ветив пред да го вратам во песокта на заборавот Станува збор за единствениот камен на пирамидата што требаше да ја изградам во дворот на моето детство (Требаше рогот на мојата градба да го досегне дури Млечниот пат) така гласеше неразумната заповед на сонот Инсектот одреден да почива во пирамидата одамна е исчезнат од саркофагот на сеќавањето.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Според степенот на нашата верба, нивниот говор не може да биде девалвиран, туку издиган на позиција на Божја реч.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)