наш (прид.) - век (имн.)

И сите други векови ни се натрупаа во нашиов век. Историјата нѐ претрупа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ние одлично знаеме дека творештвото на Ботеро се разликува од живо­писот на нашиот век (од кого тој сепак презема некои технички методи) - со својата среќна пластичност, со непоколебливата точност така карактерис­тична за Ренесансата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не само што ја бележи нејзината младост, туку и самиот почеток на нашиот век.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потем А.А. седна. Му даде знак на Х.Х. и тој да седне, па смирено продолжи: - Треба да ви биде засекогаш јасно дека комунизмот завладеа во нашиот век и ќе продолжи сигурно и во новиот век.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во овој наш век нема ништо полековито од времето, од неговото минување, чиј што тек, со една прекрасна точност, длаби корито за секого од нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од романтизмот па сѐ до крајот на нашиот век, оваа временска рамка која ја бара уметникот за да го запише своето дело развиено во чекор со неговата демистификација.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како што веќе рековме, на почетокот на нашиот век, диференцијалните равенки скоро во сите случаи се покажаа како неупотребливи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Бавно вечераме и се пречкаме секогаш за исто и на ист начин - каде води сликарството на нашиот век.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Како што веќе споменавме, во почетокот на нашиот век речиси низ сите примери диференцијалните равенки се покажаа речиси неупотребливи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Останале на Балканот повеќе од пет века. И до нашиот век.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На некое повисоко драмско ниво сè се брише, речиси секој има двојно лице, како во, на пример, највеличественото дело на маниризмот (освен “Хамлет”, се разбира), “Мера за мера”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тескобноста и интелектуализмот - сосема автентичната тескобност на опстојувањето но и разиграно-очајничка склоност или очајнички-разиграна склоност таа angos- cia (тескоба, мака, тага, јад, мора) некако да се надмине - двете склоности водат во опасност од расцепување на свеста. (...) Ако пак споредуваме со нашиот век, можеме да речеме дека во најуспешните криминалистички романи поезијата на бесмислата често изнедадува, тоа е “meravi- glia” за интелектот, средство за возбудување на сетилата, за фантазијата пејсаж со “монструми”, а за разумот “inganno” (мамка).
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)