наш (прид.) - борец (имн.)

Има такво нешто кај нашите борци: се дружат, залченце тврдо и отпушок делат, се бијат и се плашат еден за друг, но понекогаш во себе сакаат да ѝ се потсмевнат на туѓата неволја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Револуцијата стана и иако има најужасни последици за нас, пак даде некои благодатни резултати со коишто можат да бидат задоволени нашите борци за национална слободија: тоа се Мирцштегските реформи3, кои ќе бидат раширени спроти нуждите што ќе се покажат со време.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи не се налегнати сите наши борци!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога ги начулија сите ушите, навистина татнежите идеа откон Добро Поле, во чија близина се наоѓа Соколот, каде што нашите востаници навистина беа откриени од потерите и уште даваа сопротиви, та дури и се извлечкаа од обрачот со незнатни жртви.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Та така и дошло до тоа сите наши борци во време на војната да се викаат - другари.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Значи, врз основа на пресметката според датумот на раѓањето на спомнатиот Иван, средбата на Таша со идниот татко на копилето можела да се случи при крајот на ноември или почетокот на декември 43та година, а овој период се совпаѓа и со престојот на нашите борци во куќата под Сина Скала.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше прв обид да се соберат во една печатена збирка оние песни сo кои што умираа нашите борци, песни во кои што се викаше нашето село, нашиот град на решителна „борба за народна Слобода“: „Ајдете браќа, сите содружно, да ги скршиме ропските синџири.
„Од борбата“ од Блаже Конески (1950)
Замислете, седум до осум илјади наши борци да се најдат зад грбот на непријателот?!... Што би правел тој?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)